СТАНОВИТЕ ВО СТАРА ГРАДБА ВО СРБИЈА ПОСКАПЕЛЕ ПОВЕЌЕ ОД НОВОИЗГРАДЕНИТЕ СТАНОВИ

Цените на становите во Србија продолжија да растат со умерено и стабилно темпо во вториот квартал од оваа година, а вкупната годишна стапка на раст на цените на становите изнесуваше 5,25 проценти, објави денес Републичкиот геодетски завод (РГЗ). Од РГЗ изјавија дека цените на новоизградените станови се зголемиле за 3,86 проценти, а цените на другите […]
ОД ТОПЛОТНИТЕ БРАНОВИ ВО ГЕРМАНИЈА ПОЧИНАЛЕ 12.500 ЛИЦА, најризичен период бил крајот на јуни

Околу 12.500 луѓе во Германија подлегнаа на последиците од неколку топлотни бранови во четирите месеци до почетокот на август, првенствено во рекордниот пораст на крајот на јуни, објави Институтот за јавно здравје Роберт Кох (RKI). Институтот во новиот неделен извештај покажува дека во претходната деценија, дури и во годините со многу жртви, како што се […]
МАСОВНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, четири земји пријавија голем пад во дистрибутивните мрежи

Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан пријавија големи прекини на електричната енергија. Властите на четирите земји соопштија дека имало „ненадејна промена во протокот на електрична енергија“ во меѓусебно поврзаната регионална мрежа Четири земји во Централна Азија – Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денес пријавија масовни прекини на електричната енергија, за кои казахстанското Министерство за енергетика рече […]
СКОПЈАНЕЦ ПОЧИНА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА, втор случај по смртта на 83 – годишен пациент

Втор смртен случај од западнонилска треска има во државава, станува збор за скопјанец на возраст од 72 години, информираше денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. – Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус […]
Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети

На сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг. Во пресрет на уписите на универзитетите, министерката Весна Јаневска во интервју за […]
СЛОВЕНИЈА СО РАСТ ОД ПЕТ ПРОЦЕНТИ НА БДП во вториот квартал

Во вториот квартал од оваа година, бруто домашниот производ (БДП) беше за пет проценти повисок во реални услови отколку во истиот период минатата година. Растот со тоа дополнително се забрза во споредба со првиот квартал, кога достигна 3,2 проценти според ревидираните податоци. „Ова е највисок економски раст од првиот квартал од 2022 година“, рече Мартин […]
„КОШНИЧКАТА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ“ ВО ХРВАТСКА ВО ЈУЛИ ЧИНИ 480,99 ЕВРА

Основната кошничка за храна и хигиена за четиричлено семејство во Хрватска чинела во просек 480,99 евра во јули на национално ниво, што е за 88 центи поскапо отколку во јуни, според месечното истражување на порталот за споредба на цени koliko.hr. Анкетата, објавена во петок, е спроведена во соработка со Хрватското здружение за заштита на потрошувачите […]
MOЖНО НЕВРЕМЕ ВО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАТА, предупредуваат од УХМР

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар… Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени. Во […]
ВЧЕРА БЕШЕ НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ОВАА СЕЗОНА НА ПОЖАРИ, изјави Ангелов

Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој […]
ЕКОНОМИЈАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е ВИСОКО ЗАВИСНА ОД СЛОБОДНИОТ ТРАНСПОРТ ВО ОРМУСКАТА ТЕСНИНА, војната во Иран ќе го намали економскиот раст и ќе ја зголеми инфлацијата

Војната меѓу САД и Иран и прекините во транспортот преку Ормуската Тесннина би можеле сериозно да влијаат врз британската економија. Проценките на британското Министерство за финансии предупредуваат дека економскиот раст во 2027 година би можел да се забави на само 0,3 проценти ако клучниот поморски пат остане блокиран до крајот на годината. Во исто време, […]