Цените на становите во Србија продолжија да растат со умерено и стабилно темпо во вториот квартал од оваа година, а вкупната годишна стапка на раст на цените на становите изнесуваше 5,25 проценти, објави денес Републичкиот геодетски завод (РГЗ).
Од РГЗ изјавија дека цените на новоизградените станови се зголемиле за 3,86 проценти, а цените на другите за 5,98 проценти.
Пазарната активност, мерена според вкупната вредност на прометот, во вториот квартал од 2026 година, забележа раст на годишно ниво, додека бројот на продажби се намали.
Според најновите достапни податоци објавени на веб-страницата на Евростат, во Европската Унија индексот на цените на станбените недвижности во првиот квартал од 2026 година забележа раст на годишно ниво од 5,13 проценти.
Додека во една од вкупно 27-те земји на ЕУ е забележано намалување на цените на станбените недвижности, имено во Финска, за минус 2,0 проценти, во некои други земји е забележано особено високо, двоцифрено годишно зголемување на цените, а тој раст изнесувал 17,78 проценти во Португалија, 14,77 проценти во Бугарија и 14,44 проценти во Словачка, објавија медиумите во Србија.
Фото Економија и бизнис








