ЕКОНОМИЈАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е ВИСОКО ЗАВИСНА ОД СЛОБОДНИОТ ТРАНСПОРТ ВО ОРМУСКАТА ТЕСНИНА, војната во Иран ќе го намали економскиот раст и ќе ја зголеми инфлацијата

Војната меѓу САД и Иран и прекините во транспортот преку Ормуската Тесннина би можеле сериозно да влијаат врз британската економија.

Проценките на британското Министерство за финансии предупредуваат дека економскиот раст во 2027 година би можел да се забави на само 0,3 проценти ако клучниот поморски пат остане блокиран до крајот на годината.

Во исто време, инфлацијата би можела да се зголеми од 2,6 на 4,3 проценти во првиот квартал од 2027 година, што дополнително би го оптоварило животниот стандард на населението и јавните финансии.

Дополнителна загриженост предизвикува состојбата на енергетскиот пазар. Конфликтите веќе сериозно ги нарушија испораките од Персискиот Залив, додека Меѓународната агенција за енергија претходно забележа драматичен пад на испораките и производството поради ограничениот сообраќај преку Ормуската Теснина.

Сепак, британската економија порасна за 0,4 проценти во вториот квартал од 2026 година, по раст од 0,6 проценти во првиот квартал. Ова е подобар резултат од претходните очекувања дека економската активност би можела целосно да стагнира.

Ситуацијата е дополнително влошена од честите топлотни бранови кои ја намалуваат продуктивноста, влијаат врз земјоделството и трговијата.

Анализата на организацијата „Вердант“ покажува дека високите температури оваа година веќе можеле да ја чинат британската економија околу 4,4 милијарди фунти изгубено производство.

Комбинацијата од послаб економски раст, високи цени на енергијата и забрзување на инфлацијата го зголемува ризикот од стагфлација и претставува сериозен предизвик за владата на премиерот Кир Стармер, пренесува Бизнис.ба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано