Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан пријавија големи прекини на електричната енергија.
Властите на четирите земји соопштија дека имало „ненадејна промена во протокот на електрична енергија“ во меѓусебно поврзаната регионална мрежа
Четири земји во Централна Азија – Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денес пријавија масовни прекини на електричната енергија, за кои казахстанското Министерство за енергетика рече дека се предизвикани од „ненадејна промена во протокот на електрична енергија“ од централноазиската мрежа.
Министерствата за енергетика на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната енергија.
Како што беше објавено, се во тек работи за враќање на снабдувањето со електрична енергија.
Локалните медиуми во Таџикистан известуваат дека електричната енергија е прекината во главниот град на земјата, Душанбе, како и во вториот по големина град, Хуџанд.
Узбекистанските власти пријавија прекини на електричната енергија во некои јужни делови од земјата, главно во близина на границата со Таџикистан, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








