Околу 12.500 луѓе во Германија подлегнаа на последиците од неколку топлотни бранови во четирите месеци до почетокот на август, првенствено во рекордниот пораст на крајот на јуни, објави Институтот за јавно здравје Роберт Кох (RKI).
Институтот во новиот неделен извештај покажува дека во претходната деценија, дури и во годините со многу жртви, како што се 2018 со 9.400 и 2019 со 7.700, не се ни блиску по бројот на смртни случаи во оваа година. Во исто време, метеоролозите најавуваат повеќе топли денови.
Националната стапка на смртност поврзана со топлината е 15 на 100.000 жители.
Најпогодени покраини беа Сарланд и Рајнска област Пфалц, со стапки од 43,4 и 38,7, по што следуваат Баден-Виртемберг и Хесен, со 23,9 и 27,2 смртни случаи на 100.000 жители.
Жештината најмногу ги погоди најстарите лица. Во набљудуваниот период, бројот на жртви над 85 години се зголеми на околу 6.300, оние од возрасната група 75-84 години на 3.100, помеѓу 65 и 74 години на 1.900 и под 65 години на 1.200.
Најмногу луѓе, околу 9.600 според проценката на РКИ, починаа во рекордниот топлотен бран во последната недела од јуни, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис








