„МОРА ДА ЈА НАМАЛИМЕ ЕНЕРГЕТСКАТА ЗАВИСНОСТ НА ЕУ“,  енергијата е два до три пати поскапа отколку во САД, вели Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, смета дека енергијата е главниот фактор што ја ограничува конкурентноста и ја поткопува независноста на Европската Унија. „Цените на енергијата во Европа се уште се два до три пати повисоки отколку во САД или Кина. Повеќе од половина од енергијата што сè уште ја трошиме доаѓа од […]

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА „ПРИВЕДЕНИ“ ПОВЕЌЕ ОД 50 СРПСКИ ВОЗАЧИ НА ГРАНИЦИТЕ НА ШЕНГЕН, информираат од здружението за меѓународен транспорт во Србија

Само во последната недела, според евиденцијата на Асоцијацијата за меѓународен транспорт, повеќе од 50 српски возачи беа вратени од границите на Шенген. Иако нацрт-стратегијата на ЕУ за визи и брифинзите што следеа јасно ставија до знаење дека професионалните возачи на камиони се препознаваат како посебна категорија луѓе на кои им е потребен подолг период на […]

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП РАЗГЛЕДУВА НОВ ПАКЕТ ЗА ЦАРИНИ ЗА ПОЛУПРОВОДНИЦИ, СЕРВЕРИТЕ ЗА ДАТА ПОДАТОЦИ…

Aдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува нова рунда сеопфатни царини за полупроводници, објави Политико во четврток, повикувајќи се на неколку лица запознаени со разговорите. Новиот предлог не би ги опфатил само микрочиповите, туку и производите што ги користат, како што се лаптопите, играчките конзоли и серверите на центрите за податоци. Министерот за трговија на […]

„КОГА ЌЕ МОЖЕМЕ ЌЕ ЈА ИНФОРМИРАМЕ ЈАВНОСТА“ – ТОШКОВСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ

Секој за кој ќе се најде каков било доказ дека злоупотребил каква било позиција или пак несовесно работел во службата, ќе се постапи согласно закон и ќе биде најстрого санкциониран, заради тоа што ја злоупотребил довербата на македонските граѓани, на Министерството за внатрешни работи и го оцрнил образот и пред колегите свои кои чесно и […]

„ПОСТОИ РИЗИК ОД НОВА ПОГОЛЕМА ПОПЛАВА“, непалските власти издадоа предупредување од „излевање“ на нестабилното езеро кое се формирало по вчерашното лизгање на земјиштето

Катастрофалните и ненадејни поплави што го погодија Непал и областа по должината на границата со Тибет одзедоа најмалку 353 животи во Непал, а речиси 1.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите има голем број странски туристи и аџии. На тибетската страна од границата, властите бараат 558 лица, вклучувајќи 260 странски државјани. Спасувачките […]

ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ФИРМИТЕ ОД ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА, седум милиони денари поддршка за иновации и стандарди

Министерството за економија и труд објави два нови јавни повици со вкупна финансиска поддршка од седум милиони денари, наменети за унапредување на конкурентноста на домашните компании од преработувачката индустрија. – Нашата определба е јавната поддршка да ја насочуваме кон мерки кои создаваат долгорочна вредност за компаниите и економијата. Со овие два јавни повици обезбедуваме вкупно […]

„Рапид билд“ ќе го гради гасоводот со Србија

Договор за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија – Србија потпишаа денеска Недим Рама, директор на АД „Номагас“, и директорот на „Рапид билд“, Тони Каранфиловски, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.  – По спроведената постапка за доделување на договорот, за најповолна е избрана понудата […]

Намален бројот на жртвите во сообраќајот за над 35 проценти, Стратегијата за безбедност во сообраќајот доби поддршка од матичната Комисија

До 27 август годинава бројот на жртви на патиштата во државата изнесува 59, што е намалување за повеќе од 35 проценти во однос на истиот период лани кога биле евидентирани 96 жртви или 132 во цела 2025 година. Во 2024 во сообраќајки загинале 142 лица. Овие податоци ги изнесе министерот за внатрешни работи Панче Тошковски […]

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици 

Уште еден пациент починал од западнонилска треска вчера попладне. Oва е шести случај со смртни последици, потврди денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 72-годишен пациент од Скопје. Пациентот бил со доста сериозни придружни заболувања.  Во изјава за медиумите, Цана информира дека до денеска на Клиниката за инфективни болести биле […]

ИСЛАНД СО НАЈВИСОКА ПРОСЕЧНА ПЛАТА МЕЃУ ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ, високите плати се резултат на повеќе фактори

Во 2025 година, Исланд имаше највисока просечна цена на трудот меѓу европските земји вклучени во споредбата на Евростат. Високите плати се потпираат на богата економија, силни синдикати и недостиг на работници, но во евра тие се дополнително поттикнати од силната исландска круна. Просечниот час работа во Исланд го чинеше работодавачот 59,3 евра во 2025 година, […]