КАДЕ СЕ ПЛАЌА НАЈСКАП БЕНЗИН, ДИЗЕЛ И АВТОГАС ВО РЕГИОНОТ? – ДАЛИ УТРЕ ЌЕ ИМА НОВА НАГОРНА КОРЕКЦИЈА НА ЦЕНИТЕ ОД РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА по минатонеделниот скок на цената на дизелот за над 100 денари за литар

Литар бензин BMB 95 во Србија чини 1.721 евра, додека просечната цена во набљудуваните земји од регионот е 1.704 евра. Ова значи дека бензинот во Србија е еден процент поскап од регионалниот просек. Албанија има најскап бензин, каде што литар чини 2.040 евра. Следува Грција со цена од 2.028 евра и Романија со 1.816 евра […]

ПРВИОТ ГРАДСКИ ВОЗ ОД ЗЕЛЕНИКОВО ЌЕ ТРГНУВА ОД 6:20 ЧАСОТ

Повторно се воспоставува желеничката врска меѓу Зелениково и Скопје. Од 1 септември на таа релација ќе сообраќа воз осум пати дневно во двата правца.  Возот тргнува од Зелениково и ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната е Железничката станица Скопје. Возовите од Зелениково ќе тргнуваат во 6:20 часот, […]

ПОЖАРОТ КАЈ МАКАЗИ СЕ ПРОШИРИ КОН НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕР

Тежок пожар попладнево изби во атарот на село Макази, Општина Ресен, истовремено на најмалку две локации, а поради опасноста од негово ширење кон Националниот парк „Пелистер“ ангажирани се Ер-трактори и дополнителни тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Ангелов посочи дека пожарот започнал покрај неколку овоштарници со јаболка, […]

НАЈАВЕНА КАКО „ЕКСКУРЗИЈА“ ПО ШЕСТ МЕСЕЦИ ОД ВОЈНАТА ВО ИРАН ВО ОРМУСКАТА ТЕСНИНА СЕ „ЗАРОБЕНИ“ 400 БРОДОВИ И 6.000 МОРНАРИ

Околу 6.000 морнари на дури 400 бродови останаа заробени во Арапскиот Залив, бидејќи не можат да поминат низ Ормуската Теснина поради тензиите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, објави денес Меѓународната поморска организација на Обединетите нации. Генералниот секретар на организацијата, Арсенио Домингез, изјави дека ситуацијата во Ормуската Теснина „сè уште не е решена“ и дека […]

ЦЕНИ НА ПАТАРИНИТЕ – што е поисплатливо наплатни пунктови или вињети

Србија има еден од најисплатливите системи за наплата на патарина, кој се базира на принципот „колку километри возиш, толку плаќаш“, додека воведувањето систем на вињети во земјата не е опција, изјави директорот на секторот за наплата на патарина при ЈП „Патишта на Србија“, Дарко Савиќ, во програмата на Првата програма на Радио Белград. Според Дарко […]

ГЕРМАНИЈА И ПЕТ ДРУГИ ЗЕМЈИ СЕ ПРОТИВАТ НА ВИСОКИОТ БУЏЕТ НА БРИСЕЛ, бараат да се намали за неколку стотици милијарди евра

Шест земји-членки на Европската Унија вчера побараа предложениот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година да се намали за неколку стотици милијарди евра, со образложение дека Брисел мора појасно да ги одреди приоритетите за трошење. Германија, Австрија, Данска, Финска, Холандија и Шведска изјавија дека Европската Унија мора да направи „јасни избори“ и да ги […]

САД ЈА ПРЕЗЕМААТ КОНТРОЛАТА НАД РЕЗЕРВИТЕ НА НАФТА НА ВЕНЕЦУЕЛА, Трамп го објави „најголемиот договор за нафта во историјата“

Соединетите Американски Држави и Венецуела постигнаа голем договор за нафта што треба да му даде на Вашингтон мнозинска контрола врз проекти што опфаќаат повеќе од 65 милијарди барели докажани резерви на Венецуела. Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече „најголемиот договор за нафта во светската историја“. Властите во Каракас очекуваат повеќе од 100 милијарди долари приватни […]

ОД СЕПТЕМВРИ РЕДОВНО НИВЕЛИРАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ, ќе се зголемат од  3 до 3,5 проценти

Износот на порастот на пензиите ќе се знае на почетокот на септември, а според сите параметри и сознанија ќе биде 3 до 3,5 проценти, вели министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.  – Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме параметрите и ќе излеземе со конкретни бројки, бидејќи […]

НЕДЕЛЕН ПАД НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ

Цените на нафтата на меѓународните пазари останаа на околу 89 долари во петокот, на пат кон неделен пад, бидејќи трговците ги следат податоците за транзитот на танкери низ Ормуската Теснина и застојот во дипломатските разговори меѓу САД и Иран. Барел сурова нафта се тргуваше по 89,15 долари во Лондон по пладне, што е за 55 […]

ПО ТРГОВСКАТА ВОЈНА СО САД, КАНАДА СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА, до каде може да оди економското поврзување меѓу Отава и Брисел

Во услови на трговска војна со САД, канадскиот премиер Марк Карни ќе присуствува на обраќањето на Урсула фон дер Лајен за состојбата на Унијата во Стразбур на 16 септември, по што ќе следи самит Канада-Европска Унија. Сепак, членството на Канада во ЕУ не е опција. Додека трговската војна со САД повторно се загрева, канадскиот премиер […]