ГЕРМАНИЈА И ПЕТ ДРУГИ ЗЕМЈИ СЕ ПРОТИВАТ НА ВИСОКИОТ БУЏЕТ НА БРИСЕЛ, бараат да се намали за неколку стотици милијарди евра

Шест земји-членки на Европската Унија вчера побараа предложениот повеќегодишен буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година да се намали за неколку стотици милијарди евра, со образложение дека Брисел мора појасно да ги одреди приоритетите за трошење.

Германија, Австрија, Данска, Финска, Холандија и Шведска изјавија дека Европската Унија мора да направи „јасни избори“ и да ги преиспита своите буџетски приоритети, како што прават националните влади.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека тие шест земји заедно финансираат околу 40 проценти од буџетот на Европската Унија.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, заедно со шефовите на влади на пет други земји кои се нето придонесувачи во буџетот на ЕУ, побараа драстични намалувања во идната повеќегодишна финансиска рамка на Европската Унија.

„Сегашните предлози на Европската комисија за зголемување на буџетот за дури 60 проценти, во времето на консолидација на буџетот, „се едноставно неодржливи“, изјави канцеларот по состанокот во Берлин, пренесува РТЦГ.

Предложениот износ мора да се намали „за стотици милијарди евра“, нагласи Мерц. Според него, намалувањата би морале да ги опфатат сите области.

Барањето е директно спротивставување на предлогот на Европската комисија за следниот буџетски период.

Брисел претходно предложи пакет од околу 2.000 милијарди евра, што е приближно 60 проценти повеќе отколку во тековниот период.

„Штедливата шесторка“, која е нето придонесувач во буџетот на ЕУ, се спротивставува на зголемувањето на јавните трошоци и повикува на построга буџетска дисциплина, објавува Фигаро.

Покрај тоа, овие земји сакаат поголем дел од европските пари да бидат насочени кон одбрана и зајакнување на конкурентноста, особено во стратешките сектори и технологии во кои Европската Унија заостанува зад Соединетите Американски Држави и Кина.

Германија веќе беше во отворен конфликт со Франција околу идното финансирање во јуни, кога Мерц се спротивстави на идејата на претседателот Емануел Макрон да финансира дел од буџетот со ново заедничко задолжување на ЕУ, пренесува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано