Царина спречи четири обиди за криумчарење злато

Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра”. Ова го истакна директорот Бобан Николовски во вчерашното гостување на Централниот Дневник на МРТ 1. Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид за криумчарење […]
Унгарија би можела да го воведе еврото до 2030 година

Економскиот тим на партијата Тиса, која победи на неодамна одржаните парламентарни избори, денеска објави дека Унгарија би можела да ги исполни условите за воведување на еврото во рок од четири години. Андраш Карман, кој е одговорен за финансиите во Тиса, изјави дека е потребно детално да се разгледа фискалната состојба на земјата и да се […]
Колективниот договор за културата бил донесен без позитивно мислење од МФ, вели Мицкоски

Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало. Нагласува дека доколку сакаме да имаме функционална држава треба да има ред […]
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ПРОТИВ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ СО ОТВОРАЊЕ ЈАВНИ ПРОДАВНИЦИ СО ПОНИСКИ ЦЕНИ

Социјалистичкиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, најави отворање на пет градски продавници во Њујорк со поевтини производи, а првата ќе се отвори во Источен Харлем следната година. Овој план ги налути трговците на мало, а слични експерименти со „јавни продавници“ во капиталистичка Америка досега во голема мера не успеаја. Покрај „јавните продавници“, во изборната кампања […]
Во Тирана почнува најголемиот фестивал на креативната индустрија во регионот

Во албанскиот главен град, Тирана, денеска почнува Muse-X, најголемиот фестивал на креативната индустрија во регионот и ќе трае три последователни дена и ноќи. Muse-X е интегрирана платформа која обединува професионални изложби, меѓународна конференција и уметнички фестивал во едно единствено, сеопфатно и електрифицирачко искуство. -На оваа голема платформа на креативната индустрија учествуваат 22 земји, кои ќе […]
ЗА КЕЛНЕР 1.900 ЕВРА, ЗА ХИГИЕНИЧАРИ 1.200, ЗА ГОТВАЧИ ДО 3.000 ЕВРА, какви се платите за сезонските работници во Хрватска и Црна Гора

Хотелските компании во Хрватска и Црна Гора почнаа со активностите за склучување на договори за сезонско вработување за претстојната туристичка сезона. Според проценките, годинава ќе бидат потребни помеѓу 90.000 и 100.000 сезонски работници Годинава Хрватска ги заострила критериумите и периодот за добивање работна дозвола и според огласите и понудите, претежно се бараат кандидати со документи […]
ТРАМП: ТЕХЕРАН САКА ДОГОВОР – ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАЃА, АЗИСКИТЕ БЕРЗИ ВО ПОРАСТ

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изрази верување дека наскоро може да се постигне договор за прекин на војната во Иран и ја повика групата Хезболах поврзана со Техеран да го запре притисокот, бидејќи стапи на сила 10-дневното примирје меѓу Либан и Израел. Доналд Трамп рече дека следниот состанок меѓу САД и Иран може да […]
АВИОКОМПАНИИТЕ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ЦЕНИТЕ ИЛИ ВОВЕДУВААТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТАКСИ ЗА БАГАЖ, поради недостигот на авионско гориво

Зголемувањето на цената на млазното гориво, кое во последните недели скокна од околу 85-90 на 150-200 долари за барел, ги принуди голем број авиокомпании ширум светот да ги зголемат цените на билетите, да воведат дополнителни такси и да ги ревидираат своите деловни прогнози. Францускиот авиопревозник планира да ја зголеми цената на билетите за долги релации, […]
ПО ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА ПРОДОЛЖУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА

Лидерот на партијата Тиса, која победи на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, објави дека ограничените цени за дизел и бензин утврдени од заминувачката унгарска влада ќе останат во сила откако новата влада ќе ја преземе функцијата и дека тоа нема дополнително да го оптовари унгарскиот буџет. Во објава на Фејсбук, Маѓар рече дека овој […]
КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СО ПОВИСОК РАСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА

Кинеската економија доби на интензитет во првиот квартал годинава, бидејќи силниот извоз ја компензираше слабата домашна потрошувачка, иако енергетскиот шок што произлезе од војната со Иран се заканува да ја намали глобалната побарувачка. Бруто домашниот производ се зголеми за 5% во трите месеци до март, покажаа податоците од Националното биро за статистика. Во претходниот квартал […]