АВИОКОМПАНИИТЕ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ЦЕНИТЕ ИЛИ ВОВЕДУВААТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТАКСИ ЗА БАГАЖ, поради недостигот на авионско гориво

Зголемувањето на цената на млазното гориво, кое во последните недели скокна од околу 85-90 на 150-200 долари за барел, ги принуди голем број авиокомпании ширум светот да ги зголемат цените на билетите, да воведат дополнителни такси и да ги ревидираат своите деловни прогнози.

Францускиот авиопревозник планира да ја зголеми цената на билетите за долги релации, а други големи компании планираат  намалување на  капацитетот и ги зголемува надоместоците за багаж, како и намалување на  непрофитабилните летови и ги зголемуваат надоместоците за багаж.

Во Индија се воведува нова структура за доплата на гориво, а авионските компании во Германија и Турција воведуваат дополнителни такси на европските рути.

Во Азија компаниите воведуваат доплати за гориво или ги зголемуваат постојните цени на билетите.

Авиокомпаниите ширум светот предупредуваат дека долгорочното зголемување на цените на горивата би можело дополнително да ја намали профитабилноста и да ги забрза новите зголемувања на цените на авионските билети, пренесува Бизнис.ба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано