КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СО ПОВИСОК РАСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА

Кинеската економија доби на интензитет во првиот квартал годинава, бидејќи силниот извоз ја компензираше слабата домашна потрошувачка, иако енергетскиот шок што произлезе од војната со Иран се заканува да ја намали глобалната побарувачка.

Бруто домашниот производ се зголеми за 5% во трите месеци до март, покажаа податоците од Националното биро за статистика.  Во претходниот квартал растот  на економијата беше  4,5%.

„Треба да бидеме свесни дека надворешната средина станува сè посложена и нестабилна“, се вели во соопштението на заводот за статистика, предупредувајќи за „акутна“ нерамнотежа помеѓу „силната понуда и слабата побарувачка“.

Падот на пазарот на недвижнини продолжи, при што инвестициите се намалија за 11,2% оваа година до март, што е поголем пад од падот од 9,9% во истиот период минатата година. Во март, малопродажбата во Кина се зголеми за 1,7% во однос на претходната година, забавувајќи се од растот од 2,8% во февруари поттикнат од празниците и под прогнозата на економистите за раст од 2,3%. Индустриското производство се зголеми за 5,7% минатиот месец во однос на претходната година.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано