ВО СРЕДА ИСТЕКУВА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИМИРЈЕ, НО САД И ИРАН СЕ ЗАКАНУВААТ СО НОВИ БЛОКАДИ НА ОРМУСКИОТ ПРЕМИН

Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека американската блокада на иранските пристаништа ќе остане на сила дури и ако тековниот договор за прекин на огнот со Иран истече следната недела, објавува CBS News. „Можеби нема да го продолжам“, рече Трамп за двонеделното примирје со Иран. „Но, блокадата ќе остане. Но, можеби нема да го продолжам, […]
САД ЈА ТРОШИ ТРЕТАТА ТРАНША ОД СТРАТЕШКИТЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТА во обид да ги смири цените на горивата

Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави објави дека позајмило 26,03 милиони барели сурова нафта од Стратешките резерви на нафта (SPR) на девет нафтени компании. Тоа е третата транша од SPR како дел од обидот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги ограничи цените на горивата, кои се зголемија од почетокот на американско-израелската […]
СЕ ТОПИ СУФИЦИТОТ ВО ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА НА ЕВРОЗОНАТА, голем пад и во извозот на ЕУ во САД

Еврозоната во февруари забележа суфицит од 11,5 милијарди евра во трговијата со стоки со остатокот од светот, објави денес Евростат. Резултатот е помалку поволен отколку во февруари 2025 година, кога суфицитот изнесуваше 23,1 милијарди евра, се додава во извештајот. Вредноста на извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во февруари 2026 година изнесуваше […]
МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОМОШ ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА, со субвенциите треба да го избегнат преместувањето на индустријата надвор од ЕУ

Европската комисија вчера ги одобри плановите на германската влада за субвенционирање на енергетски интензивната индустрија со 3,8 милијарди евра во текот на наредните години. Парите се наменети за привремено ослободување на компаниите од високите цени на електричната енергија, пишува ДПА. Субвенциите треба да го избегнат преместувањето на индустријата надвор од Европската Унија, каде што електричната […]
Цените во земјоделството во март се повисоки за 27,9 % кај растителното производство

Цените во земјоделството во март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 5,2 % кај инпутот и за 23,4 % кај аутпутот. Цените во земјоделството во март 2026 година, споредени со цените во март 2025 година, бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот, објави Државниот завод за статистика. Во […]
ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАДНА ПОД 90 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ

Цените на нафтата паднаа откако Иран објави дека Ормускиот Tеснец ќе биде целосно отворен за комерцијални бродови во согласност со прекинот на огнот меѓу Израел и Либан. Цената на барел сурова нафта „брент“ падна на 88 долари за барел, откако претходно беше над 98 долари. Ормускиот Теснец е појас што го поврзува Заливот со Арапското […]
ДОДЕКА ТРАЕ ПРИМИРЈЕТО – Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на платформата Икс објави дека е отворена Ормуската Теснина за комерцијален сообраќај. Тој наведе дека одлуката за отворање на Ормуска Теснина е донесена во согласност со договорот за десетдневен прекин на огнот помеѓу Израел и Либан. Ормуска Теснина ќе биде отворена сè додека важи примирјето. – Во согласност со […]
ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГРЦИЈА ВО ПОРАСТ, ПОСКАПА ХРАНА, ОБЛЕКА И ТРАНСПОРТ

Влијанието на конфликтот на Блискиот Исток веќе се чувствува во Грција, според истражувањето на Грчкиот статистички институт (ЕЛСТАТ), кое покажува скок на инфлацијата од 2,6 проценти на месечна основа и 3,9 проценти на годишна основа. Притисоци се забележани во енергетскиот сектор, каде што цените на горивата забележаа двоцифрено зголемување, објавува „Екатимерини“. Во споредба со февруари, […]
СРБИЈА ЈА НАДМИНА БУГАРИЈА ВО ИЗВОЗОТ НА ИКТ УСЛУГИ, секторот станува еден од најсилните извозни потенцијали

Србија значително ја престигна Бугарија во однос на вредноста на извозот на ИКТ услуги, иако порано имаше речиси двојно поголем извоз од Бугарија. Вкупната вредност на извозот на ИКТ услуги од Србија во 2025 година изнесуваше 4,55 милијарди евра, додека извозот на ИКТ услуги од Бугарија достигна 4,27 милијарди евра, објави Канцеларијата за ИТ и […]
Mиграциите од Егејска Македонија во Турција, промоција на книга и панел-дискусија

Македонскиот културен центар во Истанбул на 20 април ќе биде домаќин на промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со панел-дискусија посветена на темата за миграциите и културната меморија. Настанот се фокусира на историскиот процес на размена на население по Лозанскиот договор од 1923 година, кој доведе […]