Цените во земјоделството во март се повисоки за 27,9 % кај растителното производство

Цените во земјоделството во март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 5,2 % кај инпутот и за 23,4 % кај аутпутот. Цените во земјоделството во март 2026 година, споредени со цените во март 2025 година, бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот, објави Државниот завод за статистика.

Во делот инпут, во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 
5,0 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6,5 %.

Во делот аутпут, во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 27,9 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 0,7 %.

Главни поенти

Кај цените во земјоделството во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се бележи следнава динамика:

  • повисоки се за 27,9 % кај растителното производство и
  •  за 0,7 % кај добиточното производство 

во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот

  • повисоки се за 5,0 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
  • за 6,5 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано