Лидерот на партијата Тиса, која победи на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, објави дека ограничените цени за дизел и бензин утврдени од заминувачката унгарска влада ќе останат во сила откако новата влада ќе ја преземе функцијата и дека тоа нема дополнително да го оптовари унгарскиот буџет.
Во објава на Фејсбук, Маѓар рече дека овој договор е постигнат во разговори со главниот извршен директор на нафтената и гасна групација МОЛ, Золта Хернади, во присуство на претставниците на Тиса.
Тој исто така напиша дека го повикува вршителот на должноста премиер, Виктор Орбан, да го продолжи декретот на заминувачката влада за намалување на акцизите на горивата, кој истекува на 30 април, до 30 мај, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис





