ПРЕВИСОКИ КИРИИ ДО 700 ЕВРА ЗА СТАНОВИ СО СТАР МЕБЕЛ И ФРИЖИДЕРИ, секој четврти станар во Белград троши повеќе од половина од месечните приходи за кирија

Секој четврти потстанар во Белград дава повеќе од половина од својата плата за кирија, а нешто помалку од половина  44,3 проценти, издвојува помеѓу 30 и 50 проценти од својата заработка за изнајмување стан. Прескапи станови, кирија непропорционална на локацијата, зголемување на цената на киријата без претходна најава или договор, стар мебел и бела техника, прозорци […]

САД СТАНУВААТ НЕТО ИЗВОЗНИК НА СУРОВА НАФТА, за прв пат по Втората светска војна

Соединетите Американски Држави минатата недела беа блиску до тоа да станат нето извозник на сурова нафта за прв пат по Втората светска војна, бидејќи извозот скокна на речиси рекордни нивоа за да ја задоволи побарувачката од Азија и Европа, кои се обидуваат да ги компензираат резервите од Блискиот Исток нарушени од војната со Иран. Застојот […]

Постои простор за зголемување на трговската размена и инвестициите меѓу Турција и Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Истанбул оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на којашто беше констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка, информираа попладнево од нејзиниот кабинет. – Најпрво, претседателката изрази сочувство до претседателот Ердоган за жртвите во вчерашното пукање во средното училиште […]

Во Кина почна масовно производство на летачки автомобили

Во момент кога границите меѓу научната фантастика и реалноста стануваат сè потенки, кинеската компанија Икспенг аероХТ (XPeng AeroHT) прави можеби и најконкретен чекор кон ерата на летачки автомобили. Нејзиниот модел „Land Aircraft Carrier“, претставен пред јавноста во Гуангжу и на престижната кинеска меѓународна изложба за воздухопловство и аерокосмос (China International Aviation and Aerospace Exhibition), ја […]

ПОТРЕБНА Е ВЛАДИНА ПОМОШ ЗА ПЕТ КЛУЧНИ РАБОТИ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН, порачаа бизнисмените на денешната средба со министерот за транспорт Александар Николоски

Во Пелагонискиот Регион се случува инфраструктурен бум и тоа е нешто што ќе продолжиме да го работиме – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со стопанственици од регионалните стопански комори на Битола и Прилеп. Информирајќи за тековните и најавувајќи нови проекти, Николоски нагласи дека единствена цел на Владата е да се […]

Финансирањето на автопатот Кичево – Охрид од домашните банки ќе биде по најповолни услови, вели Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Јавното претпријатие за државни патишта ќе добие средства по најповолни услови од пет домашни банки за завршување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид по прекинувањето на финансирањето од кинеската Ексим банка.  Николоски, денеска, во одговор на новинарско прашање рече дека според првичните пресметки потребните 175 милиони […]

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран

Студенти од Меѓународен балкански универзитет презентираа иновативен проект за надминување на прекинот на пешачката врска меѓу Стар Дојран и Нов Дојран, при посета на Општина Дојран. Станува збор за визионерско решение кое предвидува изградба на пловечка пешачка и велосипедска патека, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците без контакт со сообраќајот на регионалниот […]

Мицкоски: Законот за високото образование не е политичко туку државно прашање 

Предлог-законот за високо образование не се креира зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко, туку државно прашање, од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади, кои сега не препознаваат […]

ВИСОКИТЕ ЕКОЛОШКИ ДАНОЦИ ВО ЕУ ГО СТОПИРАА ИЗВОЗОТ НА СТРУЈА ОД ЕПС

Генералниот директор на „Електропривреда Србија“ (EPS), Душан Живковиќ, денес потврди дека компанијата не извезува електрична енергија во Европската Унија (ЕУ) од јануари поради високите еколошки даноци (CBAM). Живковиќ очекува решение, бидејќи, како што вели, овој вид механизам не е одржлив. „Извезуваме електрична енергија во регионот, кој исто така се соочува со овој проблем, бидејќи не […]

РАСТОТ НА АМЕРИКАНСКИТЕ АКЦИИ НА РЕКОРДНО НИВО ПО ВЕСТА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРИМИРЈЕТО МЕЃУ САД И ИРАН

Американската берза на вчерашното тргување достигна рекордно високо ниво, благодарение на надежите дека војната со Иран нема да предизвика најлошо сценарио за глобалната економија и дека би можела да заврши наскоро, објави денес Асошиејтед Прес (АП). Берзанскиот индекс S&P 500 порасна за 0,8 проценти, надминувајќи го претходниот највисок рекорд поставен во јануари. Откако падна за […]