Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамките на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора – објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на социјалните […]

НАД ЕВРОПА СЕ СОЗДАВА ТОПЛОТНА КУПОЛА, објавија од метеоролошката служба Severe Weather Europe

Европа се подготвува за целосен метеоролошки пресврт. Топлинска купола се развива над поголемиот дел од континентот што би можела да донесе рекордни температури за ова време од годината, а промената на времето се очекува во последните две недели од мај, пишува метеоролошката служба „Severe Weather Europe“. Промената е предизвикана од зајакнувањето на висок притисок во […]

Продажбата на е-автомобили со нови рекорди во 100 земји, објави  МАЕ

Глобалната продажба на електрични возила веројатно ќе добие дополнителен поттик поради војната во Иран, соопшти Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ), со појаснување дека постојано високите цени на нафтата го поттикнуваат преминот од мотори со внатрешно согорување. МАЕ, чие седиште е во Париз, објави дека глобалната продажба на електрични возила веќе пораснала за 20 проценти во […]

НЕРАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ ВОДНИТЕ РЕСУРСИ ВО МАКЕДОНИЈА, загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).  Намалување од 0,33 кубни метри има […]

МАЈСКАТА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА ЧИНИ ПОМАЛКУ ЗА ЕДНО ЕВРО

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54  денари – соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци во […]

ВО КОМБЕ НА АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПРОНАЈДЕНИ 500.000 ЕВРА,  четворица македонски цариници ќе бидат наградени по 10.000 денари

На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, […]

ПО ПОБЕДАТА НА ДАРА – БУГАРИЈА ЌЕ ПЛАТИ НАД 50 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕВРОВИЗИЈАТА, четири града конкурираат за домаќин на Евросонг 27

Бугарија официјално ги започна подготовките за домаќинство на Евровизија 2027, а владата потврди дека организациската структура ќе биде воспоставена оваа недела по победата на Дара на 70-тото издание на натпреварот во Виена, објави novinite.com. Министерот за култура Евтим Милошев изјави дека Советот на министри ќе формира посебно тело одговорно за координација на настаните, вклучувајќи избор […]

ЕУ СЕ СОГЛАСИ ЗА ТРГОВСКИОТ ДОГОВОР СО САД, под услови Вашингтон да ги намали царините за европски челик и алуминиум

Преговарачите на Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на Европската унија (ЕУ) рано утрово постигнаа договор за Рамковниот договор за трговија меѓу ЕУ и Соединетите Американски Држави (САД), со кој Унијата ги укинува царините за американските индустриски производи и некои земјоделски производи, додека Вашингтон ќе ги ограничи царините за увоз од ЕУ на 15 проценти. […]

ЗЕМЈОТРЕС ОД ШЕСТ СТЕПЕНИ РЕГИСТРИРАН ВО ТУРЦИЈА

Земјотрес со магнитуда од 6,0 степени ја погоди Турција во близина на Малатија, а епицентарот беше на длабочина од 10 км. Земјотресот беше почувствуван и во Сирија и во Кипар, а досега нема пријавени повредени. Земјотрес со магнитуда од 6,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на […]

ДАНСКИОТ ПЕНЗИСКИ СИСТЕМ ВАЖИ ЗА НАЈДОБАР ВО СВЕТОТ, вториот столб е корпоративна пензија, во кој уплаќаат две третини од вработените

Данскиот пензиски систем се смета дека е најдобар во светот со години. Според пензискиот индекс Мерсер, кој се смета за најрелевантен за проценка на стабилноста и одржливоста на пензискиот систем и одржувањето на животниот стандард, Данска е на првото место веќе 17 години, бидејќи пензиите се високи и гарантираат добар животен стандард, без да го […]