Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

Европската комисија соопшти дека става на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава во рамките на Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора – објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.

Ова, како што наведува Муцунски, е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план. Воедно, додава министерот, претставува и признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата.

Во согласност со официјалната информација објавена од Европската комисија, средствата се одобрени во рамките на Инструментот за реформи и раст по позитивната оценка за спроведените реформски чекори. За нашата држава, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата.

Од вкупно одобрените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, а преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано