ЛАГАРД ПРЕДУПРЕДИ ЗА НАМАЛЕНАТА НЕЗАВИСНОСТ НА ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера предупреди за намалената независност на централните банки, соочени со зголемени политички притисоци во помалку поволна економска средина. „Во свет каде што условите стануваат сè потешки, предизвикот повеќе не е само да се зачува правната независност на централните банки, туку пред сè да се зачува кредибилитетот потребен […]

ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ ВОВЕДУВААТ МЕРКИ ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ НА ЕБОЛА

Најновата епидемија на редок сој на вирусот ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) и Уганда поттикна голем број земји да воведат мерки за спречување на ширењето на болеста. Светската здравствена организација (СЗО) регистрираше 220 сомнителни смртни случаи и 900 сомнителни инфекции со смртоносниот сој во ДР Конго откако Киншаса прогласи епидемија на 15 мај. […]

ЛИКОТ НА ТРАМП НА БАНКНОТА ОД 250 ДОЛАРИ!?

Службеници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп извршиле притисок врз владината канцеларија задолжена за печатење пари да дизајнира банкнота од 250 долари со ликот на Трамп, објави денес „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца поранешни и двајца сегашни вработени во службата. Весникот објави дека ова ќе биде прв пат по повеќе од 150 години […]

ВО ЕУ РАБОТАТ НАД 10 МИЛИОНИ ИКТ ЕКСПЕРТИ, ова се пет проценти од вкупниот број вработени на европскиот пазар на трудот

Секторот за информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) во Европската Унија продолжува да расте стабилно и покрај глобалните економски флуктуации, а минатата година во ЕУ беа вработени рекордни 10,45 милиони ИКТ експерти, што претставува точно пет проценти од вкупниот број вработени на европскиот пазар на трудот, објави денес Евростат. Анализата на Евростат покажува дека дигиталниот сектор доживеа вистинска […]

ВУЧИЌ СЕ ВРАЌА ОД КИНА СО ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 953 МИЛИОНИ ЕВРА,  кинески компании доаѓаат во областа на Пчиња

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја заврши повеќедневната посета на Кина, за време на која беа отворени нови поглавја од соработката меѓу двете земји во областа на инвестициите, високите технологии, вештачката интелигенција и инфраструктурата. За време на престојот во Кина беа потпишани договори во вредност од речиси една милијарда евра, беше најавено производство на хуманоидни […]

ОД 1 ЈУЛИ ЦАРИНСКИ ПОВОЛНОСТИ ЗА ДОМАШНАТА ИНДУСТРИЈА, намалување и усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали

Владата денеска го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени, како што информира Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на […]

НАЈГОЛЕМ РАСТ НА БОЛНИЧКИ СЛУЧАИ ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ И ЗА МЕНУВАЊЕ НА КОЛКОВИ, извештај на ФЗО

Аналитичкиот извештај за болничкото лекување 2023–2025 година на Фондот за здравствено осигурување на РСМ (ФЗОРСМ) покажува стабилен раст на бројот на пациенти, зголемени буџети и постепено зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, истакнаа на денешната прес-конференција директорот на ФЗОРСМ Сашо Клековски и заменик-директорот Седат Бислими. Според податоците, во 2025 година биле лекувани 194.230 пациенти, што […]

БРОЈОТ НА ПОСЕТИТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЛИКОВНИ ИЗЛОЖБИ НАМАЛЕН ЗА 37,6 ОТСТО, лани имало повеќе изложби, но помалку ликовни уметници-учесници

За 6 % е зголемен бројот на ликовните изложби во 2025 година во однос на 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025 година се организирани 594 ликовни изложби. Во истиот период, за 28,6 % е намален бројот на ликовните уметници учесници на изложбите, а за 37,6 % е намален и бројот на […]

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите. Ова го овозможуваат законските измени кои вчера стапија во сила, а денеска беа промовирани пред претставниците на винариите. Лимитот на поддршката е до еден милион евра во наредните пет години.  -Ова е историски ден за Македонија, бидејќи прв пат откако постои […]

ПАРКИРАЊЕТО ЗА ПРВОТО ВОЗИЛО Е БЕСПЛАТНО, ТРЕТОТО ВОЗИЛО Е ЛУКСУЗ, Општина Центар воведува ред во паркирањето во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со огромен […]