Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја заврши повеќедневната посета на Кина, за време на која беа отворени нови поглавја од соработката меѓу двете земји во областа на инвестициите, високите технологии, вештачката интелигенција и инфраструктурата.
За време на престојот во Кина беа потпишани договори во вредност од речиси една милијарда евра, беше најавено производство на хуманоидни роботи во Србија, а беа водени разговори за дополнително зајакнување на економските и политичките односи меѓу Белград и Пекинг.
По средбите со кинеските претставници, Вучиќ изјави дека нови кинески инвестиции би можеле да пристигнат во Србија во текот на следниот месец, особено кога станува збор за развој на југот на земјата.
Како што изјави, разговарале за доаѓањето на кинески компании во областа на Пчиња, како и за нови проекти во Врање и Лесковац.
Претседателот на Србија рече дека соработката со Кина повеќе не е фокусирана само на традиционалните инвестиции и инфраструктура, туку и на најсовремените технологии.
Во текот на четвртиот ден од посетата, во кинескиот град Џиаксинг, беа потпишани нови инвестициски договори со вкупна вредност од 953 милиони евра.
Фото Економија и бизнис








