НАЈДОБРИ ГРАДОВИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ СЕ ВО СИРОМАШНИОТ ЈУГ НА ИТАЛИЈА, Барселона е единствениот претставник на Шпанија

Катанија е на првото место со просечен принос од 9,17% за изнајмување на станови. Во овој град на Сицилија еднособен стан чини околу 70.000 евра, а се издава под кирија за 650 евра месечно, што претставува бруто принос од 11,14%, додека гарсониера од 51.000 евра постигнува принос од 12%. Новите податоци за 2026 година, објавени […]
Почнува 9. МЕФ 2026 – Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан

Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел […]
ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА СО НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТЕН ПАД ВО МАЈ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ

Цената на нафтата на Лондонската берза во мај го забележа најголемиот процентен пад во последните шест години, бидејќи растеа надежите на трговците дека САД и Иран се приближуваат кон договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Цената на барел сурова нафта од типот Брент на Лондонската берза падна за повеќе од 19 проценти во мај, […]
НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ХИПОТЕКИ ЗА НЕДВИЖНОСТИ, во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности

Во периодот јануари – март годинава во државава запишани се 2 472 хипотеки врз недвижностите со вкупна вредност од 246.365.356 евра и 5.923.616.828 денари. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во јануари се запишани 619 хипотеки, во февруари 849, а во март 1004. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје во првиот […]
ЗЛАТНА РУДАРСКА ТРЕСКА ВЛАДЕЕ ВО БРАЗИЛ, земјата е сериозен конкурент на Кина за ретките земни метали

Во ерата на вештачката интелигенција и обновливите извори на енергија, Бразил станува атрактивна локација за концесионерите за експлоатација на ретки земни елементи. „Следните големи проекти поврзани со ретки земни елементи ќе бидат во Бразил. Во одреден момент Бразил ќе се натпреварува со Кина “, вели геологот Ендру Танкс, извршен директор на австралиската рударска компанија „Метеорик […]
БРЗАТА ЖЕЛЕЗНИЦА ЛИОН-ТОРИНО ЌЕ ПОМИНУВА НИЗ НАЈДОЛГИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ

По завршувањето на работите, патувањето со воз помеѓу Париз и Милано ќе трае околу четири и пол часа, наместо сегашните шест и пол до седум и пол часа Европа гради една од најголемите железнички инфраструктурни врски во својата историја – се гради нова брза железница помеѓу Лион и Торино, чиј централен дел ќе биде тунелот […]
ХАОС НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ, српските медиуми реагираат на долгите колони за влез во Грција

На граничниот премин Евзони денеска владееше целосен колапс и невиден хаос! Редовите автомобили, претежно со српски туристи кои заминале на одмор, се бескрајни, а ситуацијата на самиот премин е повеќе од загрижувачка. Според последните информации кои ги објави Информер, чекањето за влез во Грција е над два часа, а меѓу заробените патници има голема нервоза. […]
ЗА ДИЗЕЛОТ И БЕНЗИНИТЕ ПОНИСКИ ЦЕНИ, владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. -Со овие […]
АПРИЛСКИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ВО ЕУ СЕ ПОВИСОКИ ЗА 20 ПРОЦЕНТИ, Луксембург, Франција и Шведска со највисок раст

Во април оваа година, цените на горивата и мазивата во Европската Унија се зголемија за 20,8 проценти во споредба со истиот месец во 2025 година, според новите податоци на Евростат. Ова претставува продолжување на растот на цените на горивата по зголемувањето од 12,9 проценти забележано во март во споредба со истиот месец минатата година. Како […]
НА БРЗАТА ПРУГА СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ ГРАДАТ НОВИ ТУНЕЛИ СО ДОЛЖИНА ОД 19 КМ, постојните 6 на оваа траса повеќе нема да бидат во функција, објави српското министерство

Министерството за заштита на животната средина на Република Србија објави официјално известување за проектот за модернизација и изградба на двоколесна брза железница на Коридорот 10 низ Македонија. Известувањето е доставено до Србија во согласност со меѓународната конвенција ESPOO за проценка на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст, со оглед на тоа што работите започнуваат […]