ХАОС НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ, српските медиуми реагираат на долгите колони за влез во Грција

На граничниот премин Евзони денеска владееше целосен колапс и невиден хаос! Редовите автомобили, претежно со српски туристи кои заминале на одмор, се бескрајни, а ситуацијата на самиот премин е повеќе од загрижувачка.

Според последните информации кои ги објави Информер,  чекањето за влез во Грција е над два часа, а меѓу заробените патници има голема нервоза. Високата температура ја прави ситуацијата уште потешка, па многу возачи се принудени да ги исклучат своите автомобили и да стојат покрај патот за да фатат малку сенка.

Во колоните има и огромен број семејства со мали деца, а залихите од вода и освежителни пијалоци полека се трошат, додека крајот на оваа агонија на границата сè уште не се гледа.

Екипата на Информер пренесува изјава од српскиот државјанин, кој со своето семејство беше дел од  сообраќајната блокада на Евзони со своето семејство.

– Луѓе, ова е вистински пекол и е неподносливо! Стоиме на место повеќе од два часа, а колоната зад нас воопшто не се гледа каде завршува. Температурата е неподнослива, гори низ прозорците, а најлошото е што децата во автомобилите веќе се разболеа од толку многу топлина и стоење. Никој ништо не ни кажува, граничарите работат со брзина на полжав. Ако планирате да тргнете, се молам на Бога, заобиколете го Евзони или почекајте до доцна во ноќта, бидејќи ова е чиста тортура овде во моментов, вели патничката од Србија, објави Информер.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано