ОД ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ВО ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО, СТОИЉКОВИЌ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА… МИЦКОСКИ ГО СООПШТИ НОВИОТ МИНИСТЕРСКИ СОСТАВ

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по седницата на Извршниот комитет на партијата го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет по разговорите со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ за владина реконструкција.  Мицкоски соопшти дека нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување, а на […]

БОРЧЕ СЕРАФИМОВСКИ ОД ЗНАМ Е НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски по одржаната денешна седница на Извршниот одбор на партијата попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството и потпретседател на партијата Борче Серафимовски. -Станува збор за […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

 Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека во претстојната реконструкција ВМРО-ДПМНЕ добива два нови ресора – здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, правда и министер за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, а тие ќе имаат и плус еден заменик министер. Мицкоски […]

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ ЈА МЕНУВА ЕНЕРГЕТСКАТА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА

Усвоен е новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. Првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон, со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија, наведува Министерството за енергетика, […]

МИНАТОНЕДЕЛЕН ОСТАР ПАД НА АКЦИИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ, огромните инвестиции во ВИ не го донесоа очекуваниот раст на профитот

Американскиот пазар на акции минатата недела претрпе солидна корекција, откако технолошкиот сектор падна поради зголемениот скептицизам на инвеститорите дека сегашниот бум базиран на примената на вештачката интелигенција (ВИ) може да продолжи. Индексот S&P 500 изгуби два проценти за, додека технолошките акции, мерени според индексот Nasdaq, изгубија 4,6 проценти. Инвеститорите на технолошкиот пазар стануваат сè понетрпеливи […]

МАКСИМАЛНА БРЗИНА ЗА ДВИЖЕЊЕ СО Е-ТРОТИНЕТИ СЕ ОГРАНИЧУВА НА 20 КМ/ЧАС

Собранието во рамките на 106. седница ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот.  Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ од поимите што се употребуваат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата имајќи […]

ЗА ВЛЕЗОТ НА ЦРНА ГОРА ВО ЕУ УСВОЕН ФИНАНСИСКИ ПАКЕТ ОД 3,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА,  се претпоставува дека Црна Гора ќе стане членка во 2028 година и европските граѓани ќе „платат“ помалку од едно евро годишно

Европската комисија (ЕК) усвои финансиски пакет за Црна Гора, вреден речиси 3,2 милијарди евра. Заедно со одлуката за започнување со изработка на Нацрт-договорот за пристапување, ова се смета за една од најважните одлуки што Црна Гора ги доби досега во процесот на пристапување кон Европската унија (ЕУ), бидејќи претставува конкретни финансиски подготовки за идното членство […]

ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ВО ТЕТОВО РАБОТАТ 1.845 ЛИЦА, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши задоволен од сработеното во изминатите две години

Во изминатите две години создадовме политики што носат конкретни ефекти, а една од нашите најголеми одговорности беше заштитата на животниот стандард на граѓаните – рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција за отчет на сработеното. Според Дурмиши, во изминатите две години реализирани се политики што имаат директно влијание врз граѓаните, компаниите […]

Лишена од слобода професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит. – Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека […]

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО ЈУНИ ВО СРБИЈА ИЗНЕСУВА 556 ЕВРА

Вработените во Србија кои примаат минимална плата за јуни 2026 година ќе примаат најмалку 65.296 динари нето (556,25 евра) , имајќи предвид дека овој месец има 176 работни часови, односно 22 работни дена. Минималната плата во 2026 година е 371 динар по работен час, без даноци и придонеси, па работниците кои работат со полно работно […]