ЈУНСКАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА ПАДНА ПОД ТРИ ОТСТО

Инфлацијата во еврозоната падна повеќе од очекуваното на 2,8 проценти во јуни, што е позитивен сигнал за Европската централна банка (ЕЦБ) додека се обидува да го ограничи зголемувањето на цените поттикнато од војната меѓу Иран и Израел. Според проценката на Евростат објавена во среда, стапката на инфлација е пониска од 3 проценти. Минатиот месец, ЕЦБ […]

ЕВРОПА ЌЕ ДОБИЕ ПРВ ТУНЕЛ ЗА БРОДОВИ, долг 1,7 километри и висок речиси 50 метри

Норвешкиот парламент го одобри финансирањето за изградба на тунелот Штад, кој ќе стане првиот бродски тунел со полна големина во светот, Норвешката крајбрежна управа објави дека е подготвена да ги започне сите потребни процедури за да може да започне изградбата на почетокот на 2027 година. Проектот е дизајниран да овозможи побезбедно поминување на бродови околу […]

ЛАНИ БЕСПРАВНО БИЛЕ ИЗГРАДЕНИ 116 ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ

Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 проценти, се во приватна сопственост. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6  проценти) се за домување. Од нив  128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради […]

ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАМАЛУВА

Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава  споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување […]

ЗЛАТОТО ГО ГУБИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ СЈАЈ, БЛАГОРОДНИОТ МЕТАЛ СО НАЈЛОША КВАРТАЛНА ЦЕНА ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА

Цената на златото падна под 4.000 долари за унца и е на добар пат за најлошиот квартален резултат во повеќе од една деценија, откако очекувањата за зголемување на каматните стапки во САД и намалувањето на интересот од малопродажните инвеститори предизвикаа остар пад на цените на пазарот. Во изминатите три месеци, вредноста на златото се намали […]

Дел од Карпош без вода

Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ бр.21, потегот од Дом на Печат до „Франклин Рузвелт“ и „Васил Ѓорѓов“ во општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-150 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.21. Фото […]

Без струја дел од корисниците во Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров

Без електрична енергија денеска од 8 до 9 часот ќе останат  корисници на ул.„1“ во општина Петровец, а од 9 до 16 часот од ул.„Стив Наумов“ бр.69,65,63а,63б,102а,102б,102в, ул.„Славе Георгиевски-Шнајдерот“ бр.1,3,5 и 7, од ул.„Тетовска“  и од ул.„Јосиф Јосифовски-Свештарот“ бр.35,35а,37,36,34 и 32 во општина Центар.  РЦЕУК – Скопје информира дека прекин во снабдувањето со струја од […]

МАКЕДОНСКА ПОШТА СО ПОШТЕНСКА МАРКА „250 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ НА САД“

АД „Пошта на Северна Македонија“ во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави денеска организираат промоција на пригодна поштенска марка по повод 250 години од независноста на САД.  На настанот ќе присуствуваат претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави и на АД „Пошта на Северна Македонија“. Фото Економија и бизнис

Денеска поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица. Николоски, во рамики на посетата, ќе се обрати на свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Струмица, каде ќе присуствуваат и оперативниот директор на на Лидл Северна Македонија Рубријан Хаџиев и градоначалникот на Струмица […]

ОД УТРЕ – ЕУ ќе ги укине царините за повеќето американски производи

Почнувајќи од утре, Европската Унија ќе ги укине царините за повеќето индустриски и земјоделски производи од Соединетите Американски Држави, во согласност со трговскиот договор постигнат минатата година со Вашингтон, објави денес Европската комисија. Олоф Гил, портпаролот на Европската трговска комисија, изјави дека Европската Унија го исполнила ветувањето дадено во трговскиот договор и оцени дека тоа […]