ЗЛАТОТО ГО ГУБИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ СЈАЈ, БЛАГОРОДНИОТ МЕТАЛ СО НАЈЛОША КВАРТАЛНА ЦЕНА ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА

Цената на златото падна под 4.000 долари за унца и е на добар пат за најлошиот квартален резултат во повеќе од една деценија, откако очекувањата за зголемување на каматните стапки во САД и намалувањето на интересот од малопродажните инвеститори предизвикаа остар пад на цените на пазарот.

Во изминатите три месеци, вредноста на златото се намали за речиси 14 проценти, иако на почетокот на годината достигна рекорд од речиси 5.600 долари за унца, а аналитичарите ги наведуваат зајакнувањето на американскиот долар, порестриктивната монетарна политика на Федералните резерви и пренасочувањето на капиталот кон акции од секторот за вештачка интелигенција и кон технолошките компании.

Дополнителен притисок врз пазарот создаваат одлив на пари од фондовите што инвестираат во злато (ETF), како и новите ограничувања за тргување со скапоцени метали што кинеските банки ги воведуваат за малите инвеститори.

Аналитичарите истакнуваат дека златото традиционално ја губи својата привлечност кога каматните стапки растат, бидејќи инвеститорите потоа претпочитаат да избираат обврзници и други приносни средства.

Експертите веруваат дека континуираното купување злато од страна на централните банки би можело да го ублажи падот на цената и да спречи уште поголеми загуби во наредниот период, пренесуваат медиумите.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано