Во Швајцарија, исплатата на 13-тата старосна и семејна пензија ќе започне за прв пат во декември, од која ќе имаат корист стотици илјади пензионери низ целата земја.
Само во првата година, за оваа намена ќе бидат исплатени повеќе од четири милијарди швајцарски франци. На некои корисници не им се потребни овие дополнителни пари, па затоа веќе се започнати иницијативи за нивно донирање.
Сојузната министерка Елизабет Баум-Шнајдер (62) претходно во едно интервју изјави дека веројатно еден ден ќе го донира својот надоместок, а истото го мислат и многу познати личности во Швајцарија.
Претприемачот и поранешен олимписки шампион, Хаузи Лојтенегер (85) нагласи дека не му се потребни дополнителни пари.
Фондацијата „13плус“ ги поканува граѓаните да го донираат својот надомест за борба против сиромаштијата кај старите лица, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис








