ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НАМАЛУВА

Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава  споредено со истиот период лани.

Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од 3.6 проценти и од 2,6 проценти Преработувачка индустрија.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, има намалувањето на производството во одделите:  Производство на електрична опрема со 7.8 проценти, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 12.9  проценти и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 2.3  проценти.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 6.5 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за  3.4 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3.3 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.4 проценти.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано