УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава

Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови […]

Халкбанк добитник на награда за одржлив развој за иницијативата „Милион садници“

Халкбанк ја доби наградата за одржлив развој во категоријата „Животна средина“, за проекти и иницијативи во областа на климатската акција и зачувувањето на природата, која ја доделуваат Министерството за економија и Клубот на одговорни бизниси – Конект. Признанието е доделено за иницијативата „Милион садници“, еден од најзначајните проекти во рамките на платформата ХалкЕко, преку која […]

Фискален совет на Србија: Вкупните трошоци за ЕКСПО би можеле да бидат околу 3,4 милијарди евра, проценките за одделни проекти се менуваат без јасно објаснување

Фискалниот совет на Србија денеска објави проценки дека вкупните трошоци само за ЕКСПО и директно поврзаните проекти би можеле да изнесуваат околу 3,4 милијарди евра, со предупредување дека трошоците за осум главни патни правци се зголемиле за 80 проценти во споредба со првично договорените износи. Во анализата се наведува дека стратегијата предвидува умерен фискален дефицит […]

Владата утре ќе именува нов претседател на Советот за македонски јазик, почнува обуката за петмина инспектори

Новиот претседател на Советот за македонски јазик ќе биде познат утре за кога е закажана следната седница на Владата. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на брифинг со новинарите, на кој присуствуваше и директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик – Менче Андреева. Љутков не ги коментира причините за […]

Владата прави потрошувачко портфолио, со кое потрошувачите би имале од 5 до 10 отсто поевтина цена на струјата, најави Мицкоски

Владата прави потрошувачко портфолио, кое што треба го услогласи  со дистрибутерот ЕВН Хоум и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, а со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната, најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше […]

(ВИДЕО) НОВА ФАБРИКА НА „МАКРОГРЕС“ – 80 проценти од производството ќе биде наменето за извоз

ВИНЧИНИ СО НОВА ФАБРИКА

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра, пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“ во присуство на премиерот Христијан Мицкоски.  Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел кредити од унгарската линија, […]

ИНФЛАЦИЈА во мај: трошоците на живот пораснаа за 4,8% на годишно ниво

Трошоците на живот во мај годинава, во споредба со истиот месец лани, бележат зголемување од 4,8 проценти, додека цените на мало се зголемени за 5,6 проценти, покажуваат најновите податоци. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во мај во однос на април изнесува 0,6 проценти, што укажува на умерен месечен раст на ценовните нивоа. […]

Бензините поевтинуваат за 2,5, а дизелот поскапува 1,5 денари

Малопродажните цени на бензините евросупер БС-95 и евросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 2,00 денара, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на евросупер БС – 95 ќе биде 86,00 денари, евросупер БС […]

Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 во најспектакуларното издание досега

„Вози право, вози здраво“

Центарот на Скопје во саботата беше обоен во боите на радоста, насмевките и позитивната енергија на илјадници луѓе кои заедно испратија моќна порака за здрав живот и грижа за животната средина. Јубилејното десетто издание на настанот „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка донесе рекордни 10.000 пријавени учесници и уште еднаш потврди дека […]

Без вода неколку улици во Ченто

 Поради дефект на затварач, од 11.20 часот прекинато е водоснабдувањето на корисниците од улиците „Константин Петковиќ“, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“, „Фрушкогорска“, „Орово“, „Христофер Жефаровиќ“,„Тодор Еџов“, „Спиро Црне“, „Трајко Китанчев“, „Сава Михајлов“, „Катлановска“, „Неготинска“, „Кожуф“, „Кавадарска“, „Пролетна Офанзива„ и „Економија“. ЈП „Водовод и канализациј“ – Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните […]