Поради дефект на затварач, од 11.20 часот прекинато е водоснабдувањето на корисниците од улиците „Константин Петковиќ“, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“, „Фрушкогорска“, „Орово“, „Христофер Жефаровиќ“,„Тодор Еџов“, „Спиро Црне“, „Трајко Китанчев“, „Сава Михајлов“, „Катлановска“, „Неготинска“, „Кожуф“, „Кавадарска“, „Пролетна Офанзива„ и „Економија“.
ЈП „Водовод и канализациј“ – Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за отстранување на дефектот.
извор МИА








