Малопродажните цени на бензините евросупер БС-95 и евросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 2,00 денара, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на евросупер БС – 95 ќе биде 86,00 денари, евросупер БС – 98 ќе се продава за 88,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 87,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 89,00 за литар.
За 0,609 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 47,297 денари.








