Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок

Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок

Во Русија се очекува во текот на оваа година да бидат одобрени за примена две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните мозочни тумори, соопшти директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова. Скворцова изјави дека наскоро се очекува одобрение за првата онколошка вакцина. „Се надевам дека во текот на 2026 година ќе добиеме одобрение за примена […]

Ново истражување: Дури и мало движење може да го подобри здравјето на мозокот

Редовното вежбање е корисно за физичкото здравје, а експертите нагласуваат дека може значително да придонесе и за подобрување на здравјето на мозокот. Според неодамнешно истражување објавено во научното списание „Нејчер невросајенс“ (Nature Neuroscience), дури и едноставните движења на телото, како што е затегнувањето на стомачните мускули може позитивно да влијае врз функцијата и здравјето на […]

Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија

Швајцарските нуркачи открија битен мост од древноримската ера, по којшто научниците и истражувачите трагаа со години. Се верува дека ова би можело да биде засега единствениот ваков пример за дрвен мост на столбови што постои. Додека беа во тек плановите за изградба на нов мост над реката Аре, швајцарските археолози ја открија градбата при рутинско истражување […]

Се обновува иранскиот воздушен сообраќај, а во Израел се отвораат училиштата

Откако Иран и Израел соопштија дека ги суспендираат нападите, иранските државни медиуми објавија дека е укината наредбата за ограничување на летовите и воздушниот простор се враќа во нормална состојба. Претходно беа стопирани сите летови од иранските аеродроми поради страв од нови израелски напади. Во исто време, израелската Команда за цивилна заштита го суспендира речиси сите […]

По долгата политичка магла, што би значеле победата на Румен Радев и стабилна влада за економската иднина на Бугарија?

пишува: Дејан Азески | Авторот е историчар, новинар и публицист Во изминативе неколку години, Бугарија живееше во необична политичка состојба која постепено почна да се претвора во хроничен проблем за државата. Повторени избори, технички кабинети, нестабилни парламентарни мнозинства и постојана атмосфера на институционална неизвесност создадоа чувство дека земјата се движи во круг. Во таков амбиент […]

ОН предупредуваат дека се влошува состојбата на океаните

Во најновиот извештај на Обединети нации се наведува дека се влошува состојбата на океаните и се повикуваат земјите итно да дејствуваат против забрзаното загревање, загадувањето и загрозувањето на подводниот свет. Извештајот од 1.350 страници е трета глобална процена на океаните за периодот од 2018 до 2023 година. Не можеме да продолжиме да се однесуваме кон […]

НБА: Две влезници за финалето продадени за еден милион долари

Два билети за третиот натпревар од финалната серија меѓу домаќинот Њујорк и Сан Антонио се продадени на аукција за еден милион долари, објави вечерва НБА лигашот Њујорк. Победничката понуда за две места за познати личности на аукцијата за натпреварот, кој ќе се игра во 2 часот наутро по средноевропско време во вторник наутро во „Медисон […]

Бродовите плаќаат од 1,5 до два милиона долари за минување низ Ормуз

Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе  иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто […]

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

Владата останува на ставот дека клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно, остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште, кое е во приватна сопственост. […]