УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор во Северна Македонија

УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор (Business Advisory Council – BAC) во Северна Македонија, обединувајќи истакнати претставници од бизнис заедницата кои се посветени на унапредување на правата и благосостојбата на децата преку одговорни деловни практики, иновации, застапување и партнерства. Одборот го сочинуваат Неби Хоџа (Oxa Group), Ирена Јакимовска (Комфи Ангел), Горан Марковиќ (Македонски Телеком), Живко Мукаетов […]
ЕБОР и ФЧТ поддржуваат развоен и зелен проект на семејна компанија во Пелагонија

ЗАГ Империјал е градежнo друштво од Прилеп, коeшто неодамна инвестираше во опрема за преработка на мермер и природен камен, поддржана од ЕБОР и ФЧТ како дел од ЦИФ, а во рамки на Програмата Green & Growth. За новата инвестиција на оваа семејна компанија и нејзината бизнис траекторија разговаравме со со-сопственикот и директор, Г. Алберто Георгиевски.
Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена

„Сидрена цена“ е референтна редовна цена на производ или услуга на одреден датум. Таа е наведена заедно со тековната цена за да може потрошувачот да спореди како се променила вредноста.
Засилени контроли во НП „МАВРОВО“ против бесправен риболов

Управата на националниот парк „Маврово“ деновиве започна со засилени контроли за го сузбие бесправниот риболов на Мавровското езеро. Во последната контрола на ренџерската служба откриени се случаи кои укажуваа на појавата, информираат од паркот. – При редовна контрола на езерото, овластени лица од Националниот парк „Маврово“ пронајдоа и отстранија незаконски поставени риболовни мрежи. За случајот […]
Finelevate Digital Summit 2026 го отвори регионалниот дијалог за иднината на дигитализацијата во финансискиот сектор

Првото издание на регионалната конференција посветена на иднината на дигитализацијата во финансиите, вештачката интелигенција и технолошката трансформација, Finelevate Digital Summit 2026, се одржа на 16 септември во Skopje Marriott Hotel. Настанот, организиран под мотото „Иднината не чека“, собра повеќе од 300 учесници носители на одлуки, регулатори, претставници на банки, осигурителни компании, финтек компании, технолошки провајдери […]
Што ќе ги разликува успешните организации во ерата на вештачката интелигенција?

пишува: Виолета Цветкоска | Авторот е редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет – Скопје
Од антимон до бакар: Македонија ги истражува своите критични минерални ресурси

Критичните минерали имаат сè поголемо значење за глобалната економија, технолошкиот развој и енергетската транзиција. Ова се констатира во новиот извештај на ОЕЦД, кој укажува дека побарувачката за овие суровини е на рекордно високо ниво. Организацијата предупредува дека развојот на глобалните синџири на снабдување се соочува со предизвици во рударството и преработката на минералите. Како дел […]
35 години подоцна, каде се другите, каде сме ние: Човечки развој, Вложувања во истражување и развој

Македонија оствари апсолутен напредок во човековиот развој, мерено преку Индексот на човеков развој на ООН. Вредноста на Индексот се зголеми од околу 0,65 на почетокот на независноста на нешто над 0,81 во 2023 година. Но, споредбата со останатите земји од поранешна Југославија дава неповолна слика. Македонија остана во долниот дел од групата, далеку зад Словенија […]
OpenAI откри шест вознемирувачки случаи: Модел на вештачка интелигенција се обидел да се „ослободи“ од своите ограничувања

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и вознемирувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води се пожестока дискусија за безбедноста, а лидерите на водечките американски компании отворено бараат забавување на развојот бидејќи се плашат од губење на контролата врз моќната технологија. Тие објавија дека воведуваат нов систем […]
ЕК предлага забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 13 години

Европската комисија (ЕК) предложи забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 13 години и задолжителен родителски надзор за корисници на возраст од 13 до 15 години, како дел од новите правила за зајакнување на безбедноста на децата на интернет. Според предлогот на Законот за деца на ЕУ, минималната возраст за отворање независна сметка […]