Засилени контроли во НП „МАВРОВО“ против бесправен риболов

Управата на националниот парк „Маврово“ деновиве започна со засилени контроли за го сузбие бесправниот риболов на Мавровското езеро. Во последната контрола на ренџерската служба откриени се случаи кои укажуваа на појавата, информираат од паркот. – При редовна контрола на езерото, овластени лица од Националниот парк „Маврово“ пронајдоа и отстранија незаконски поставени риболовни мрежи. За случајот […]

Finelevate Digital Summit 2026 го отвори регионалниот дијалог за иднината на дигитализацијата во финансискиот сектор

Првото издание на регионалната конференција посветена на иднината на дигитализацијата во финансиите, вештачката интелигенција и технолошката трансформација, Finelevate Digital Summit 2026, се одржа на 16 септември во Skopje Marriott Hotel. Настанот, организиран под мотото „Иднината не чека“, собра повеќе од 300 учесници носители на одлуки, регулатори, претставници на банки, осигурителни компании, финтек компании, технолошки провајдери […]

Од антимон до бакар: Македонија ги истражува своите критични минерални ресурси

Критичните минерали имаат сè поголемо значење за глобалната економија, технолошкиот развој и енергетската транзиција. Ова се констатира во новиот извештај на ОЕЦД, кој укажува дека побарувачката за овие суровини е на рекордно високо ниво. Организацијата предупредува дека развојот на глобалните синџири на снабдување се соочува со предизвици во рударството и преработката на минералите. Како дел […]

35 години подоцна, каде се другите, каде сме ние: Човечки развој, Вложувања во истражување и развој

Македонија оствари апсолутен напредок во човековиот развој, мерено преку Индексот на човеков развој на ООН. Вредноста на Индексот се зголеми од околу 0,65 на почетокот на независноста на нешто над 0,81 во 2023 година. Но, споредбата со останатите земји од поранешна Југославија дава неповолна слика. Македонија остана во долниот дел од групата, далеку зад Словенија […]

OpenAI откри шест вознемирувачки случаи: Модел на вештачка интелигенција се обидел да се „ослободи“ од своите ограничувања

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и вознемирувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води се пожестока дискусија за безбедноста, а лидерите на водечките американски компании отворено бараат забавување на развојот бидејќи се плашат од губење на контролата врз моќната технологија. Тие објавија дека воведуваат нов систем […]

ЕК предлага забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 13 години

Европската комисија (ЕК) предложи забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 13 години и задолжителен родителски надзор за корисници на возраст од 13 до 15 години, како дел од новите правила за зајакнување на безбедноста на децата на интернет. Според предлогот на Законот за деца на ЕУ, минималната возраст за отворање независна сметка […]

Енергетската транзиција забрзува: Македонија ги надмина целите за обновливи извори – Енергетската заедница позитивно го оцени напредокот во спроведувањето на НПЕК

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини навреме ја исполни обврската кон Енергетската заедница и го достави Извештајот за напредокот во спроведувањето на Националниот план за енергија и клима (НПЕК).

За викендот стабилно и топло време, од вторник пад на температурите

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Царинска управа воведе во употреба телесни камери на граничните премини Табановце, Ќафасан и Блаце – донацијата од Министерството за правда на САД доказ за цврстото партнерство меѓу двете држави

Царинска управа воведе во употреба телесни камери на граничните премини Табановце, Ќафасан и Блаце

Со донација од Министерството за правда на САД, Царинската управа официјално воведе во употреба телесни камери во работата на царинските службеници на три гранични премини, Табановце, Блаце и Ќафасан, со чија примена се очекува зајакнување на борбата со криминал и корупција. Царинските службеници при вршење на својата должност ќе имаат право да ја снимаат целата […]