Од 1 септември 2026 година, ТАВ Македонија воведува нови правила за зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје

„Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје

⏳Зоната „Hug & Fly“ и понатаму останува наменета за бесплатно кратко запирање во времетраење од 10 минути со цел оставање и преземање патници, со тоа што според новите правила за паркирање, секое возило ќе има можност да влезе, транзитира и паркира бесплатно 10 минути само еднаш во текот на 24 часа. Промената има за цел […]

Божиновска за Денот на рударите: Историски највисока наплата на концесиски надоместоци во 2025 година, наша цел е развој на модерно, конкурентно и одговорно рударство

Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата – истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на одбележувањето на Денот на рударите. Таа посочи дека во истата […]

УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ НА РАБОТНА СРЕДБА СО ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ВО ДОЈРАН – „ФЕР ТУРИЗАМ ЗАПОЧНУВА СО ПРИЈАВЕН ДОХОД“

УЈП во Дојран со порака до туристичкиот сектор: „Фер туризам започнува со пријавен доход“ Управата за јавни приходи продолжува со активностите за унапредување на даночната информираност и поддршка на туристичкиот сектор. Во таа насока, денес 26.08.2026 година во Дојран беше одржана информативно-работна средба со локалните туристички работници и претставници на дејности поврзани со туристичката дејност. […]

Од почетокот на годинава во Грција изречени казни од 1,2 милиони евра за предизвикување пожари

Од 1 јануари годинава, заклучено со денеска во Грција е изречена 741 административна казна, во вкупна вредност од 1.211.770,68 евра за предизвикување пожари, а уапсени биле 314 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од противпожарната служба на Грција, 88,85 отсто од случаите се однесуваат на пожари предизвикани од невнимание, за што биле […]

Над 220 милиони евра годишно од пензискиот фонд одат за здравствено осигурување

Фондот за ПИОМ годишно издвојува околу 13,7 милијарди денари, односно повеќе од 220 милиони евра, за здравственото осигурување на пензионерите, открива директорот на Фондот, Никола Мемов, во интервјуто за Економија и бизнис. Средствата се издвојуваат од придонесите за пензиско осигурување на сегашните осигуреници и изнесуваат 11,8 отсто од нето-исплатената пензија. До 31 декември 2025 година […]

ПИОМ: На еден пензионер има само 1,63 вработени кои уплаќаат придонеси

Во Македонија има 350.671 корисник на пензија, додека бројот на вработени лица кои уплаќаат придонеси изнесува 571.855, покажуваат податоците на Фондот за ПИОМ со пресек од 30 јуни 2026 година. Тоа значи дека на еден пензионер има 1,63 вработени кои уплаќаат придонеси. Според директорот на ПИОМ, овој сооднос е особено важен бидејќи првиот пензиски столб […]

МЕМОВ: Пензиите ќе се исплаќаат редовно, нема ризик од прекин

Пензиите во Македонија се исплаќаат и ќе продолжат да се исплаќаат редовно и навремено, порача директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов, во интервју за „Економија и бизнис“. Тој ги оцени како неосновани тврдењата дека може да дојде до проблеми со исплатата на пензиите. Според него, придонесите за пензиско осигурување тековно се прибираат, трансферите од […]