Од 1 септември 2026 година, ТАВ Македонија воведува нови правила за зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје

„Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје

⏳Зоната „Hug & Fly“ и понатаму останува наменета за бесплатно кратко запирање во времетраење од 10 минути со цел оставање и преземање патници, со тоа што според новите правила за паркирање, секое возило ќе има можност да влезе, транзитира и паркира бесплатно 10 минути само еднаш во текот на 24 часа.

Промената има за цел да обезбеди побезбеден и поефикасен пристап до терминалот и непречен проток на сообраќајот, особено во периодите со зголемена фреквенција на патници. Автоматското препознавање на регистарските таблички ќе овозможи поефикасно управување со пристапот.

За престој подолг од 10 минути, главниот паркинг на аеродромот останува достапен, со 1.200 места за автомобили и 6 места за автобуси.

✅Приоритет на ТАВ Македонија е пристапот до терминалот да биде безбеден, ефикасен и едноставен, со цел да обезбедиме удобно искуство за сите патници и посетители.

👉Повеќе информации за правилата и цените за паркирање на овој линк https://lnkd.in/ebnAK9Ri

Повеќе од истиот автор

Најчитано