Фондот за ПИОМ годишно издвојува околу 13,7 милијарди денари, односно повеќе од 220 милиони евра, за здравственото осигурување на пензионерите, открива директорот на Фондот, Никола Мемов, во интервјуто за Економија и бизнис.
Средствата се издвојуваат од придонесите за пензиско осигурување на сегашните осигуреници и изнесуваат 11,8 отсто од нето-исплатената пензија. До 31 декември 2025 година стапката изнесувала 13 проценти.
Мемов смета дека ова претставува дополнителен товар за пензискиот фонд и дека треба да се најде поинаков начин на финансирање на здравственото осигурување на пензионерите, наместо средствата да се обезбедуваат од придонесите на сегашните осигуреници.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ








