Една од најчестите финансиски дилеми е дали заштедените пари само да ги чуваме или да ги вложиме? Но, кога одвојувате пари на страна за вашата иднина, тоа може да биде многу повеќе од само чување пари. Затоа има уште едно важно прашање: дали заштедата што ја создаваме денес навистина прави се што би можела за нашите идни планови?
Штедењето не мора да значи само редовно издвојување пари и нивно чување. Може да биде и начин да им дадеме можност на тие средства постепено да ја зголемуваат својата вредност, во согласност со нашите цели, временски хоризонт и подготвеност да прифатиме или не одреден ризик.
Секој од нас нема да добие ист одговор. Некој сака средствата да му бидат лесно достапни, независно од приносот. Но, друг сака да ги искористи можностите за заштедените пари да му доденаст поголем принос и тој да расте со текот на времето. А и едниот и другиот, всушност, имаат иста цел – резерва за непредвидени ситуации и долгорочен план.
Затоа клучното прашање е дали парите работат за моите цели?
Штедењето ни дава сигурност и простор за непланираното
Некој сака да има финансиска резерва за непредвидени ситуации, некој планира поголема инвестиција во домот, а некој размислува за иднината на своите деца или за финансиска сигурност по завршувањето на работниот век. Секоја од овие цели бара поинаков временски хоризонт и пристап кон заштедените пари.
Вредноста на парите не е секогаш иста. Со текот на времето, инфлацијата може да ја намали нивната куповна моќ, па износот што денес изгледа доволен, во иднина можеби нема да ни овозможи да го оствариме она што сме го планирале.
Затоа, покрај прашањето колку можеме да заштедиме секој месец, важно е да размислиме и како најдобро да ги насочиме средствата што ги издвојуваме.
Со соодветно избран пристап, редовното издвојување средства може да прерасне во долгорочна финансиска стратегија.
Вложувањето треба да биде паметно за да донесе најдобар принос. Со добро информирана одлука и јасно поставена цел, можеме поактивно да управуваме со нашата заштеда. Особено доколку е подолг периодот што го имаме пред себе, бидејќи тоа значи поголем простор за да ги пребродиме пазарните промени.
Можеби вистинската дилема не е „или-или“
За оние што сакаат нивната заштеда да има долгорочна цел и инвестициски потенцијал, постојат решенија што ги поврзуваат осигурувањето на живот и инвестирањето.
Едно од нив е Unit Link на Триглав Осигурување Живот – производ наменет за луѓето кои сакаат нивните средства да не останат само заштеда, туку да добијат можност да работат во насока на остварување на нивните идни планови, истовремено со осигурителна заштита.
Овој пристап овозможува да размислуваме за нашата финансиска иднина на поинаков начин: не само колку пари ќе имаме издвоено, туку и каква можност сме им дале да ја зголемат својата вредност со текот на времето.
Најдобриот план започнува од нашиот живот, не од производот
Не мора да имаме голема сума за да почнеме да размислуваме за нашата финансиска иднина. Многу поважно е да имаме јасна цел, да знаеме колку можеме редовно да издвојуваме и да избереме пристап што одговара на нашите можности и очекувања.
Добриот финансиски план остава простор и за непредвидените ситуации, но не ја заборава ниту иднината. Затоа, покрај создавањето достапна финансиска резерва, вреди да размислиме и за долгорочни решенија што можат да ѝ дадат дополнителна перспектива на нашата заштеда.
На крајот, штедењето не е само одлука да оставиме нешто за подоцна. Тоа е одлука за тоа каква иднина сакаме да си овозможиме.
Со Unit Link на Триглав Осигурување Живот вашата заштеда може да работи за целите што ви значат.
Извор на фотографија: Триглaв Осигурување Живот
(ПР текст)








