Во време кога дигитализацијата сè повеќе го обликува начинот на кој компаниите работат, а потрошувачите очекуваат брзи, едноставни и безбедни начини на плаќање, пристапот до современи платежни решенија станува важен предуслов за раст и конкурентност. За значењето на проектот на Министерството за дигитализација во соработка со НЛБ Банка, ХалкБанк и Visa насловен „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, улогата на NLB Smart POS во модернизацијата на наплатата и придонесот на современите платежни решенија во развојот на безготовинската економија, разговараме со Кристина Трпезановска, Директор на Сектор за Управување со клиенти, продукти и дигитални сервиси, развој на продукти, услуги и канали на продажба во НЛБ Банка.
- Колку е значаен проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“ за малите и средни претпријатија во време кога дигитализацијата и променетите навики на потрошувачите стануваат клучен фактор за нивниот раст и конкурентност?
Дигитализацијата денес е составен дел од успешното работење. Потрошувачите очекуваат брзо, едноставно и безбедно плаќање, а компаниите што можат да одговорат на овие очекувања имаат поголеми можности за раст, развој и зајакнување на својата конкурентност.
Проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“ го гледаме како конкретна поддршка за локалните претприемачи. Нашата цел е современите платежни решенија да ги направиме достапни и за најмалите бизниси, без високи почетни инвестиции и сложени процеси.
Со NLB Smart POS, дури и најмалите бизниси можат едноставно да прифаќаат безготовински плаќања користејќи го својот мобилен телефон, без потреба од дополнителна ПОС опрема. На овој начин современата технологија станува достапна за секого, а дигитализацијата добива практична примена во секојдневното работење.
НЛБ Банка беше првата банка на македонскиот пазар што го воведе ова решение, а интересот кај компаниите континуирано расте. Само во изминатата година бројот на инсталирани NLB Smart POS решенија е зголемен за 46%, додека прометот реализиран преку нив е зголемен за 100% во однос на претходната година. Овие резултати покажуваат дека дигиталните плаќања повеќе не се само тренд, туку реална потреба на малите и средните претпријатија.
Битола и битолскиот регион се препознатливи по претприемачкиот дух, локалните брендови и компании кои постојано се развиваат. Со овој проект сакаме, токму на тие бизниси, да им помогнеме полесно да го направат следниот чекор кон дигитално работење.
Веруваме дека ваквите иницијативи не носат придобивки само за поединечните компании, туку придонесуваат и за развој на локалната економија и за поширока примена на дигиталните платежни навики.

- Што конкретно им носи овој проект на малите и средни претпријатија кои сакаат да ја модернизираат наплатата, но и да го подобрат целокупното корисничко искуство, оперативната ефикасност и својата конкурентност?
Современото безготовинско плаќање одамна не е само дополнителна услуга за клиентите, туку важен дел од успешното и ефикасно работење. Брзата наплата, намаленото ракување со готовина и подобриот увид во трансакциите им овозможуваат на бизнисите поедноставно и поефикасно да ги организираат своите секојдневни процеси.
Токму затоа NLB Smart POS претставува значајна придобивка за малите компании. Станува збор за првата сертифицирана tap-on-phone Android апликација во земјата, која го претвора мобилниот телефон во ПОС терминал. Апликацијата бесплатно се презема од Play Store, брзо се инсталира и не бара дополнителен хардвер, со што значително се намалуваат почетните трошоци за трговците.
Една од најголемите предности на ова решение е мобилноста. Трговците можат да прифаќаат плаќања каде било – во продавница, на терен, при достава или на продажни настани – што им овозможува побрза услуга, поголема флексибилност и подобро корисничко искуство.
Допoлнително апликацијата лесно се инсталира и деинсталира, што овозможува едноставно префрлање меѓу уреди и вработени и е особено практично за бизниси со флуктуација на вработени.
Smart POS може да се интегрира со софтверските решенија што ги користат трговците, овозможувајќи целосно дигитализиран процес на наплата и евиденција, со помалку административна работа и поголема оперативна ефикасност.
Како дополнителна вредност, кај голем број трговци Smart POS овозможува и плаќање на рати, што може да придонесе за подобри продажни резултати, а на клиентите им нуди поголема флексибилност при купувањето. Истовремено, корисниците на платежните картички на НЛБ Банка преку Smart POS можат да ги користат и поволностите од партнерските програми на Банката, како што се попусти и поврат на средства, што дополнително ја поттикнува употребата на безготовински плаќања.
- Ширењето на мрежата на трговци кои прифаќаат безготовински плаќања е еден од клучните предуслови за развој на дигиталната економија. На кој начин стратешката соработка помеѓу НЛБ Банка и Visa придонесува современите платежни решенија да станат достапни и за најмалите бизниси?
За безготовинските плаќања навистина да станат дел од секојдневието, важно е современите платежни решенија да бидат достапни за секој бизнис, без оглед на неговата големина. Токму затоа соработката меѓу НЛБ Банка, Visa и Министерството за дигитална трансформација во рамки на овој проект има стратешко значење.
Проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“ е конкретен пример како преку партнерство можеме да го забрзаме прифаќањето на дигиталните плаќања кај малите и микро бизниси. Во рамки на проектот, 100 одбрани бизниси ќе добијат бесплатно Soft POS решение, при што НЛБ Банка ќе обезбеди решенија за 50 бизниси, додека останатите 50 ќе бидат обезбедени од другиот партнер во проектот. Целта е да им овозможиме на локалните компании, без дополнителна инвестиција во ПОС опрема, да започнат да прифаќаат безготовински плаќања и полесно да се вклучат во дигиталниот платежен еко-систем.
Покрај бесплатниот Soft POS, понудата вклучува и конкретни поволности за бизнисите – без трошоци за одржување и без провизија за трансакции во првите три месеци, како и Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првата година. На овој начин, проектот не е само промоција на дигиталните плаќања, туку конкретна можност за бизнисите да го направат првиот чекор кон модернизација на својата наплата, да стекнат практично искуство со современите платежни решенија и да ја унапредат ефикасноста и клиентското искуство.Пријавувањето за учество во проектот трае до 31 август, во најблиската експозитура на НЛБ Банка.
Партнерството е дел од пошироката долгогодишна соработка помеѓу НЛБ Банка и Visa, насочена кон развој и имплементација на иновативни дигитални платежни решенија кои го олеснуваат работењето на трговците, ги намалуваат трошоците и ги приближуваат безготовинските плаќања до што поголем број корисници. Заедно работиме на иницирање и воведување нови технологии, дигитализација на плаќањата и создавање решенија кои им овозможуваат на малите и микро бизниси поедноставен пристап до современи платежни услуги.
Ваквиот пристап овозможува современите платежни решенија да се доближат до малите трговци и да се поттикне нивното пошироко прифаќање на македонскиот пазар. Во таа насока, NLB Smart POS, како решение на НЛБ Банка, им овозможува и на најмалите бизниси без големи инвестиции да прифаќаат бесконтактни плаќања со картички, мобилни телефони и паметни часовници, придонесувајќи кон поширока примена на безготовинските плаќања.
Силната позиција на Банката на пазарот дополнително ја потврдуваат и пазарните показатели: НЛБ Банка има 24.2% пазарно учество според бројот на платежни картички и 27.5% пазарно учество во ПОС работењето според промет, што значи дека секоја четврта платежна картичка и повеќе од секоја четврта ПОС трансакција во земјата се поврзани со НЛБ Банка. Тоа претставува силна основа за понатамошен развој на безготовинската економија и за реализација на иницијативи кои ги приближуваат современите платежни решенија до малите трговци.
- На кој начин НЛБ Банка преку ваквите иницијативи ја потврдува својата улога не само како финансиска институција, туку и како партнер кој активно го поддржува развојот на претприемништвото и модернизацијата на локалната економија?
Во НЛБ Банка веруваме дека добрата банка не е само финансиски партнер, туку партнер кој им помага на компаниите полесно да растат, да се развиваат и да одговорат на новите потреби на пазарот. Затоа креираме решенија кои го поедноставуваат нивното секојдневно работење, ја зголемуваат ефикасноста и им овозможуваат полесно да ги следат новите трендови.
NLB Smart POS е токму такво решение. Со минимална инвестиција, малите бизниси добиваат пристап до технологија која до неодамна беше поврзана со класичните ПОС терминали, овозможувајќи им поголема флексибилност и современо, брзо и безбедно искуство при плаќањето за нивните клиенти.
Но, нашата поддршка не завршува со обезбедувањето на технологијата. Голем фокус ставаме и на едукацијата на компаниите и преку различни иницијативи и практични примери им помагаме полесно да ги разберат, прифатат и користат новите решенија.
Нашата цел е да придонесеме кон создавање дигитален екосистем во кој компаниите ќе можат да работат поефикасно, да ги подобруваат услугите и да останат конкурентни. Паралелно со развојот на иновативни решенија, континуирано инвестираме во нивната безбедност и сигурност, обезбедувајќи висок степен на заштита и доверба за нашите клиенти.
Континуираниот раст на користењето на NLB Smart POS и довербата што ни ја укажуваат илјадници компании се потврда дека ваквиот пристап создава реална вредност за бизнисите и придонесува кон модернизацијата на македонската економија.








