Пензиите во Македонија се исплаќаат и ќе продолжат да се исплаќаат редовно и навремено, порача директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов, во интервју за „Економија и бизнис“.
Тој ги оцени како неосновани тврдењата дека може да дојде до проблеми со исплатата на пензиите. Според него, придонесите за пензиско осигурување тековно се прибираат, трансферите од Буџетот се редовни, а пензионерите пензијата ја добиваат секој први во месецот.
Мемов сепак предупредува дека пензискиот систем се соочува со структурни проблеми кои бараат реформа. Целта, како што вели, треба да биде поголема финансиска стабилност, поправична пресметка на пензиите и повторно воспоставување на јасна врска меѓу уплатените придонеси и стекнатите права.
Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ








