Од 15 октомври започнува грејната сезона во Скопје
Грејната сезона 2025/2026 официјално започнува на 15 октомври за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во Скопје, соопшти АД ЕСМ. Системот опфаќа околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 се домаќинства, а над 1.000 се деловни објекти, меѓу кои болници, училишта, градинки...