Бизнис

И ТОА СЕ СЛУЧИ: ГЕРМАНЦИТЕ ПОЛНАТ ГОРИВО ВО ПОЛСКА И ЧЕШКА, германската царина наплатува данок за наточеното гориво над дозволената количина

Германската царина на премините кон Полска и Чешка ги контролира возачите кои одат во соседните земји за гориво поради значително пониските цени, објавуваат германските медиуми.

„Со денови спроведуваме случајни проверки на возачите за кои постои сомневање дека наполниле повеќе гориво од дозволеното во соседството“, изјави Лиза Першман, портпаролка на Германската царинска управа.

Повеќето контроли се спроведуваат во сојузната покраина Бранденбург, која граничи со Полска. Во пограничните градови на полска страна, горивото е до 60 центи по литар поевтино отколку во Германија.

Во пограничната област Франкфурт на Одра, бензинските пумпи се празни, додека преку границата во Слубице, има долго чекање во ред на бензинските пумпи. Покрај полн резервоар во автомобилот, дозволено е максимум еден канта со максимум 20 литри гориво. Над дозволената количината  се плаќа данок од 90 центи по литар за бензин и 70 центи за дизел, пренесува ДПА..

Поради разликата во данокот, горивото во моментов е значително поевтино во соседните Полска и Чешка, но и во Австрија и Луксембург. Цените на горивата во Германија се зголемија за 30 центи по литар по нападот на Израел и САД врз Иран. Просечната цена на дизелот во саботата беше 2,10 евра, а „супер“ бензинот беше 2 евра, пренесува Блиц.


 

Фото Економија и бизнис 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано