Економија

Во Македонија се зголемува учеството на неформалната вработеност

Бројот на невработените лица во 2025 година е намален за 6,6 % во споредба со 2024 година.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 61,4 %, а жени 38,6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1,5 % споредено со 2024 година. Од вкупниот број вработени, 57,6% се мажи, а 42,4 % се жени.
 
Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 94 847, што е за 11,5 % повеќе од претходната година. Најголем број неформално вработени лица, 48,5 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,1 % во секторот Градежништво.

Главни поенти

Годишни податоци, 2025 година
•    Активно население: 796 399 лица
•    Вработени: 704 617 лица
•    Невработени: 91 782 лица 
•    Стапка на активност: 52,5
•    Стапка на вработеност: 46,4
•    Стапка на невработеност: 11,5


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано