Економија

РКЕ ги објави новите цени: Дизелот поскапува за 14,5 денари, а бензините за 5 денари

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука објави дела се зголемува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 02.03.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 13,384% или за 95,150 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 36,134% или за 266,250 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 32,102% или за 230,650 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 27,870% или за 108,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 52,8447 ден/$ и е за околу 0,9444% повисок од курсот на доларот (52,3503 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 14,27%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 5,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 14,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 12,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 7,044 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,586 ден/кг.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано