Економија

Бруто-домашниот производ порасна за 3.8 % во четвртото тримесечје од 2025

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2025 година е 3.8 %.

Во четвртото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ -Градежништво од 14.6 % и К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8.1 %.

Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6.4 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77.9 %.

Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5.0 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонските и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3.4 %.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано