Економија
Над 45 милиони денари од конфискација во 2025, новиот Совет најавува поефикасни финансиски истраги
03.03.2026г
Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот официјално започна со работа, откако во февруари беше одржана конститутивната седница. Со Советот претседава вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој во интервју за Економија и бизнис, посочи дека целта е воспоставување високо ниво на институционална координација во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
„Криминалниот профит не е само безбедносен ризик, туку и пазарна дисторзија што создава нелојална конкуренција“, истакна Фетаи.
Според него, Советот нема да презема оперативни надлежности од институциите, туку ќе обезбеди стратешко насочување и усогласување на политиките, додека истрагите остануваат во надлежност на обвинителството и судовите.
Во 2025 година од конфискација во Буџетот се слеале над 45 милиони денари, што според Фетаи е позитивен сигнал, но анализите покажале структурни слабости – недостиг од специјализирани истражители, ограничени аналитички алатки и недоволна дигитална поврзаност.
Новата стратегија 2025–2028 предвидува јакнење на капацитетите, дигитална интеграција на податоците и поефикасно управување со одземениот имот, со акцент на негова социјална пренамена.
„Мерката за успех ќе биде зголемен процент на замрзнат и конфискуван имот по предмет, а не само бројот на предмети“, порача Фетаи.
Целото интервју прочитајте го на ЛИНКОТ