Бизнис

БРИТАНСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА СЕ „НАЈПОГОДЕНИ“ ОД НАПАДИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК, британците се загрижени за падот на фунтата и од високите цени на гасот

Цените на гасот во Велика Британија се зголемија за 93 проценти од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток. Како што објави Скај њуз, цените на гасот денес се зголемија за 32 проценти околу 0,06 евра за kWh, вредност што не е забележана од февруари 2023 година.

Доколку овие високи цени се одржат, британските домаќинства наскоро ќе ги почувствуваат последиците од ова зголемување и ќе плаќаат повисоки сметки за електрична енергија и гас.

Британците се загрижени за падот на фунтата, која сега вреди околу 1,33 долари, што директно влијае на цените на нафтата, кои речиси секогаш се пресметуваат во американски долари.

Тоа е двоен удар, бидејќи комбинацијата од повисоки цени на нафтата и пад на фунтата може да доведе до значително повисоки цени на горивото на пумпите во Велика Британија, додека трошоците за транспорт се зголемуваат и инфлаторниот притисок се зголемува.

Катар вчера го суспендираше целото производство на течен природен гас (LNG) по нападите со ирански беспилотни летала врз клучните објекти во Рас Лафан и Месаид, отстранувајќи околу 20 проценти од светските залихи на LNG од пазарот, што дополнително ги зголеми цените на бензинот.

Саудиската нафтена компанија „Арамко“ вчера беше принудена да ги прекине операциите во својата најголема рафинерија, Рас Танура, по нападот со беспилотни летала, во инцидент што предизвика паника на глобалните берзи и ги зголеми цените на дизелот за повеќе од 20 проценти, пренесува Еуроњуз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано