Економија

ЦЕНИТЕ НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА СКОКНАА ЗА 20 ОТСТО

Цените на гасот во Европа скокнаа за повеќе од 20 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво за повеќе од една година под влијание на американско-израелскиот напад врз Иран и прекините во транзитот на енергија низ Ормускиот теснец.

На референтната холандска дигитална берза TTF, еден мегават-час гас за испорака во април чинеше 39,84 евра. Денеска гасот беше за 24,6 отсто поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела.

За кратко време, цената се приближи до нивото од 41 евро.

Цените скокнаа по израелско-американскиот напад врз Иран во саботата. Иран одговори со испукување ракети врз Израел и американските бази во голем број земји долж Персискиот Залив, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Катар, водечкиот светски извозник на течен природен гас (LNG).

Сообраќајот на танкери низ Ормускиот теснец речиси запре иако Иран официјално не го затворил, пренесува Србија.данас.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано