Вести
Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука
02.03.2026г.
Македонските карате репрезентативци, членови на клубот Макпетрол освоија четири медали на Балканскиот шампионат за сениори/ки кој се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина.
Четирите одличја се бронзени, две се од поединечните настапи, и два медала освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција.
Носители на медали се: Јована Мицовска-61 кг; Викторија Јовановска-61 кг бронзен медал; Викторија Јовановска екипно тим бронзен медал; Јована Мицовска екипно тим бронзен медал. Екипно медали освоија и Рудина Алиу и Наталија Карова.
- Конкуренцијата беше голема и квалитетна, учество зедоа многу повеќекратни европски и светски шампиони од балканските држави. Сакам да истакнам дека ние како клуб имаме многу поголем потенцијал и можности за поголеми резултати, истакна тренерот на Макпетрол, Петар Заборски, кој воедно беше и натпреварувач
На Блаканското првенство учествуваа 313 каратисти со 343 натпреварувачки влезови од 11 држави.
извор МИА
Фото: КК Макпетрол