Општество

НЛБ Банка со донација за Клиниката за гинекологија и акушерство – бидејќи секој почеток е важен

Токму со ова уверување, НЛБ Банка донираше медицински апарат за затоплување на новороденчиња во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Овој апарат ќе обезбеди топла и контролирана микро средина за најмалите пациенти, особено за предвремено родените бебиња и оние со здравствени потешкотии, помагајќи им да ја регулираат телесната температура во најчувствителните први денови од животот.

Тимот од НЛБ Банка за Бренд и комуникации, по тој повод ја посетија клиниката и се сретнаа со директорката, Ирена Алексиска Папестиев, заедно да ја означат оваа значајна поддршка.

Донација е дел од новогодишната кампања на НЛБ Банка, во рамките на која банката се комитираше да придонесе за подобрување на условите во Гинекологијата и родилните сали, обезбедувајќи современа опрема и грижа за новороденчињата и нивните семејства.

Со ова, НЛБ ја потврдува својата општествена одговорност, вложувајќи во здрава и сигурна иднина за новите генерации. Грижата за децата е темел на просперитетно општество, а нашата мисија како компанија е да правиме позитивна разлика таму каде што е најпотребно.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано