Вести

За една седмица констатирани 4.991 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4.674

Во периодот од 2 до 8 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, од вкупниот број регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената - 4.674, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) - 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за „минување на црвено светло“, а 125 се за „брзо возење“.

Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе кон поголема безбедност и посигурни патишта. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано