Финансии / Банкарство
ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО ВО ГОЛЕМ ДНЕВЕН ПАД ПО МИНАТОНЕДЕЛНИОТ РЕКОРД
05.02.2026
Цените на среброто паднаа за дури 16%, со што заврши дводневниот раст.Спот цените на среброто последен пат беа намалени за 13% на 76,97 долари за унца, додека фјучерсите во Њујорк беа над 8% пониски на 77,28 долари за унца.
Минатиот петок среброто беше на рекордно високо ниво пред да падне за речиси 30% . Податоците покажуваат дека во 2025 цената на среброто се зголемила за околу 146%.
Аналитичарите ги посочуваат како клучни двигатели на неодамнешните движења на цените.
Експертите советуваат да се почека со одлуките за тргување малку подолго додека шпекулативните позиции прво се „избришат“. Среброто има широк спектар на индустриски и технолошки примени, од сончева енергија, катализатори и електроника, меѓу другото.
Ценовните корекции на среброто беше поголема од корекцијата на златото поради построгите услови на ликвидност на лондонскиот пазар, што ги зголеми ценовните осцилации, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис